„Глич“ во матриксот или нешто полошо? 10 чудни вистински настани од кои нѐ полазија морници

На одредени луѓе не им требаат морничави приказни, тие веќе се сретнале со чудни појави во сопствениот живот. Додека понекогаш овие вознемирувачки настани може да се објаснат логично, други ќе ве натераат да се сомневате во вашето разбирање за она што е вистинското. Едно е сигурно, вистинските приказни што ги собравме за вас денес ќе ве остават во состојба на целосна конфузија.

1.

Бев сама дома и се одлучив да се истуширам. Ја заклучив вратата од тоалетот од навика. Може да се заклучува и отклучува само од внатре. Моите чисти и валкани алишта беа фрлени на плочките во два посебни купови.

Кога завршив со туширање, моите алишта, и валканите и чистите беа убаво здиплени и оставени на подот.
Вратата беше сѐ уште заклучена. Јас обично брзо се туширам. Ова се случи во време од 5 минути.

2.

Го слушнав бебето како плаче преку мониторот за бебиња, отидов во нејзината соба за да ја смирам и да заспие.
Стигам таму и гледам дека таа спие.
Се враќам назад во дневна, таа пак плаче. Ова се случи неколку пати.
Потоа наеднаш слушам од мониторот за бебето како жена тивко вика „крени ја“.
Трчаме со маж ми кај ќерка ми и нема никој таму, таа си спие.

Следниот ден дознавме дека нашите соседи купиле ист монитор за бебето како нашиот и бил на истиот канал, па сме ги слушале нив. Го сменивме каналот и сега е во ред.

 

3.

Бевме во кујната на девојка ми и си правевме муабет со неа и со ќерка ѝ кога одеднаш гледам дека еден мој чевел, што го соблеков веднаш до вратата, лебди во воздух на отприлика 60 сантиметри од земја. Девојка ми не го виде тоа, но нејзината 10-годишна ќерка го виде.
Уште се сеќавам на звукот кога падна на земјата и се сврте на страна.

Немам друго објаснување освен дух…

4.

Еднаш менував панталони во мојата соба и го извадив каишот.
Откако облеков други панталони, сакав да го ставам повторно каишот, но никаде го немаше.
Никој друг не беше со мене во собата и потрошив добри 10 минути за да го најдам, а се сеќавав дека едноставно го оставив на подот. Поминаа 10 години и никогаш повторно не го видов тој каиш.

5.

Бев на забава кај еден другар од средно и отворив една врата и видов дете како седи на тоалет и си помислив „Тоа е чудно“.
После некое време повторно ја отворив истата врата и немаше никаков тоалет, ниту дете, туку машини за перење.

6.

Кога имав 5 или 6 години седев на задниот дел од нашата семејна куќа, стара фарма. Се сеќавам дека видов една стара жена како влегува право во куќата, без воопшто да ме примети мене.
Ја следев внатре за да видам кој е тоа, а мајка ми стоеше во кујната.
Ја прашав која беше жената што дојде и таа ме погледна збунето.
Тоа време оригиналната сопственичка на фармата почина и 100% сум сигурна дека беше таа.

7.

Јас и жена и ми и двајцата видовме зелена, исечена глава како лебди кога се разбудивме сред ноќ.
Ова се случи различни ноќи во различни соби.
Ниеден од нас не верува во духови.

 

8.

Се разбудив сред ноќ и слушнав дека некој зборува на тремот надвор. Тоа беа моите родители, зборуваа и гледаа кон небото. Излегов надвор и погледнав нагоре и видов три сјајни топки како летаат над океанот.
Сферите силно светеа и се движеа со невозможна брзина и потоа одеднаш застанаа.
Никогаш немав видено нешто слично такво.

9.

Несакајќи ја бутнав шолјата со кафе на подот. Го слушнав звукот кога таа падна долу, се свртев да ја подигнам, но шолјата ја немаше.

Отидов во кревет и не ми беше јасно што се случи и спиев навистина немирно цела ноќ.

10.

Пред една година, седев во дневната соба и случнав три чукања на ѕидот позади мене. Што беше уште полошо таму имаше прозорец и јас очекував да видам некој на прозорецот, но немаше никого.
Татко ми дури отиде со светилка да провери надвор, но не најде ништо.
Беа буквално три чукања на ѕидот и до ден денес не знам што беше тоа.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *