„Го фатив мојот сопруг како изневерува и тоа го спаси нашиот брак – сега сме поблиски од кога било“

Черити Крег (45) и нејзиниот сопруг Мет (40) се разделиле на осум месеци во 2012 година, откако таа открила СМС пораки од друга жена на телефонот на Мет. Но, Черити решила да не се откаже од својот сопруг и покрај тоа што ја изневерил.

„Во тоа време, аферата на мојот сопруг се чинеше како крај на светот, но се покажа дека тоа е најдоброто нешто за нас бидејќи се вративме многу посилни“ – изјави Черити.

 

Двојката се запознала во тинејџерските години и се венчале во раните 20-ти. Но во 2012, со четири деца помали од 6 години, Мет решил да ги бара потребите на друго место.

Чарити се сомневала во однесувањето на нејзиниот сопруг до јули 2012 година, особено што тој останувал да работи до доцна навечер.

„Работев повеќе од 60 часа неделно на позиција под висок стрес. Поминував повеќе време на работа отколку со семејството“, објасни Мет, кој сега е главен маркетинг директор. Се борев помеѓу моето семејство и моите соништа за музичка кариера“.

Стравувањата на Чарити биле потврдени кога таа открила СМС пораки од друга жена.

„Се соочив со него, а тој ми кажа сè“, сподели Чарити.

 

Мет признал дека имал тајна врска два месеци. Откако аферата излегла на виделина, парот почнал да го планира својот развод.

„Мислев дека го познавам мојот сопруг подобро од кој било друг, но тој живееше двоен живот и немав поим. Целиот мој свет беше превртен наопаку и не знаев како ќе се опоравам“.

Мет продолжил со својата љубовница, додека Черити отишла кај советник. Таа дознала дека аферата на Мет не е единствената причина за нивните брачни проблеми .

„Почнав со терапија и сфатив дека повеќе не сум жената со која се оженил и дека тој не е единствениот виновен за распадот на нашата врска. Поминав осум месеци работејќи на себе – градејќи ја мојата самодоверба и учејќи како да се справувам со моите проблеми на здрав начин“, продолжи таа.

 

Тие ја обновиле својата романса во февруари 2013 година, откако оделе на терапија. Мет, исто така, ѝ ги дал на Чарити сите лозинки на неговиот телефон и социјалните мрежи.

„Мет многу се каеше за аферата, но јас се каев и за мојот удел во распадот на нашиот брак. Моравме целосно да започнеме повторно, но вредеше“.

Сега, Черити работи како брачен советник за да им помогне на другите парови кои се борат по аферата.

„Тоа е напорна работа, но е толку наградувачко да им се помогне на другите парови да го надминат предавството и да го обноват својот брак. Решивме да се бориме за нашето семејство и да се справиме со нашите проблеми, и многу ми е драго што го сторивме тоа затоа што сега работите се подобри од кога било“, додаде таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *