„Го направив ТОА во Големиот Кањоњ, сакаме да продолжиме со дечко ми со нашата авантура на сите природни чуда во Америка. Тоа нѐ возбудува!“
Една „патувачка инфлуенсерка“ која стана вирална откако имаше секс надвор пред стадионот на НФЛ, вели дека сега е на мисија да води љубов на сите седум природни чуда во Америка.
Кејли Килион (27) ја даде оваа провокативна изјава во интервју за „NudePR“, велејќи дека таа и нејзиното момче Коди Нелсон (29) веќе го направиле „тоа“ во Големиот Кањон.
„Коди и јас сакаме да патуваме и да гледаме нови места, особено национални паркови, а исто така сакаме да имаме секс на јавно место“, вели таа.
„Секогаш сме загрижени да не бидеме фатени, но тоа е дел од забавата и возбудата – и она што нè поттикнува“.
Килион и Нелсон уживаа во нивната забава на отворено во Гранд Кањон кон крајот на октомври, и споделија неколку слатки снимки од случката на „Инстаграм“.
Заљубениот и амбициозен пар сега патува низ земјата со комбе, надевајќи се дека ќе стигнат и до Јосемит и Јелоустоун пред новата година.
„Го сакаме ризикот потенцијално да бидеме фатени додека ја истражуваме нашата прекрасна земја“, тврди Килион.
„Имавме секс секаде каде што ќе ви текне и дефинитивно ќе продолжиме да имаме секс во ризични ситуации, бидејќи сакаме да го правиме тоа“, продолжи таа.
Минатиот месец, Килион се најде на насловните страници откако таа се појави на социјалните мрежи за да раскаже за забавата што ја имала пред стадионот „Стајк Фарм“ во Аризона додека се одвивал натпревар.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.
Коментирај анонимно