„Гола си!“ – Инфлуенсерка не ја пуштиле во авион зашто била многу разголена, таа се брани: „Жешко е!“

Германската фитнес инфлуенсерка Еда Елиса тврди дека ѝ бил забранет влез во авион на Луфтханза, откако службеничка на излезната капија наводно ја обвинила дека е „гола“ додека Европа се соочува со „катастрофален“ топлотен бран.
Елиса, која е и реалити ТВ личност и креаторка на содржини, го раскажа случајот пред повеќе од 641.000 следбеници на социјалните мрежи. Од аеродромот, вознемирена од она што го опиша како малтретирање, праша: „Кој им е проблемот?“

Црни шорцеви, спортски градник со V-отвор и реченицата „Не може така да се качиш во авион“

Според нејзиното сведоштво, Елиса носела спортска комбинација од два дела: црни шорцеви и спортски градник со V-отвор.
Таа рече дека вработената во Луфтханза ја погледнала и и рекла:
„Не може така да се качиш во авион.. Не носиш ништо. Гола си.“
Елиса не го прифатила тонот на службеничката и објаснила дека нејзината облека одговарала на времето надвор, каде температурата била околу 32 степени Целзиусови.
И покрај нејзиното објаснување, Елиса вели дека одговорот бил јасен и без простор за расправа.

@Ми рече дека не носам нормална облека и дека сега морам да облечам нешто преку неа“, рече Елиса. „Сега оди настрана и ќе можеш да се качиш во авионот само откако ќе облечеш нешто.“
Потоа, инфлуенсерката облекла преголем дуксер со патент, надевајки се дека тоа ке биде доволно за да ја пуштат во авионот.

 

Дуксерот не бил крајот службеничката наводно побарала да го закопча

Но, според Елиса, ни дуксерот не ја задоволил службеничката на капијата.
Таа се присети на наредбата што следела:
„Мораш да го закопчаш“
Потоа, како што тврди Елиса, добила и обвинување дека го задржува летот:
„И поради тебе авионот сега доцни; целиот лет доцни бидејќи го кочиш целиот сообраќај.“
Елиса рече дека никогаш нема слушнато за кодекс на облекување во авион, но претставници на Луфтханза тврдат дека нивните правила за облека се јасни.

 

 

Луфтханза вели дека патниците мора да носат облека „соодветна на карактерот на јавно патување“

Според извештаите, авиокомпанијата наведува дека патниците мора да носат облека „соодветна на карактерот на јавно патување“ и дека таа не смее да ја нарушува благосостојбата на други патници од различно потекло.
Таквите правила не се реткост. Кодексите за облекување постојат кај авиокомпании низ светот, а патници кои ги прекршуваат понекогаш остануваат на земја.

Од кратки маички до минијатурни бикини, од боси патници до патници без градник, комерцијалните авиопревозници со децении ги спроведуваат своите правила, дури и кога следуваат критики на социјалните мрежи.

Елиса побарала објаснување од Луфтханза за непријатното искуство. Компанијата, според извештаите, одговорила дека наводната употреба на зборови како „гола“ од страна на службениците на капијата не одговара на нивните стандарди и дека нивниот персонал не би ги користел. Луфтханза соопшти дека сериозно ги разгледува пријавите за недоследности и дека ваквите случаи се проверуваат внатрешно.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *