Голди Хоун и Курт Расел ја слават својата 40 годишнина. Еве кои совети за среќна врска можеме да ги примениме од нив!

Годишнината на Курт Расел и Голди Хоун се паѓа токму на Денот на вљубените, а оваа година тие прославуваат 40 блажени години заедно. Се разбира, потребно е повеќе од значаен датум за да функционира врската и дефинитивно можеме да извадиме неколку совети од книгата за љубов на Голди и Курт.

Еве ги најзначајните упатства за успешна врска по која Голди Хон и Курт Расел живеат со децении.

 

1. „Тие редовно се фалат еден со друг“

 

Едно од многу важните правила во врската е никогаш да не го земате партнерот здраво за готово. Никогаш не треба да заборавиме да ги цениме нашите партнери и да им кажеме точно зошто. Како што рече Голди за Курт: „Тој е навистина, навистина паметен. Ми се допаѓа тоа што кога ќе се насочи кон нешто, тоа може да биде малку опсесивно-компулсивно, но во исто време, тој го сфаќа како што треба. Мислам дека тој е еден од најдобрите актери на сите времиња. И тој е фантастичен татко. Така, победувам затоа што знам што точно сакам кај него“.

 

За возврат, Расел прави својата сакана да се чувствува како кралица секој ден без никаква потреба од посебна пригода. Како што еднаш се сеќава Голди: „Пред некоја вечер требаше да одиме на вечера. Ме гледа и ми вели: „Неверојатna си. Не можам да верувам колку прекрасно изгледаш. Тој навистина го цени тоа“.

Покрај тоа, кога Расел доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, таа му оддаде прекрасна почит на својот партнер: „Голди ти, ти го должам мојот прекрасен живот. Едноставно, Голди, те сакам. И сите ѕвезди на небото или на булеварот несе ни приближно до тоа што си ти“.

 

2. „Си даваат простор еден на друг“

Не треба да постои стандард за тоа колку време паровите треба да поминуваат еден со друг, но познат факт е дека малку лично време повремено е задолжително. Познатата актерка се согласува и додава: „Зависи во која година или ера сте, во вашата врска. Во здрава, подолготрајна врска, би рекla дека е одлично да се биде заедно околу 68% од времето“.

 

3. „Ја оддржуваат врската жива“

 

Секој пар има свои трикови како работите да бидат интересни. За среќа на Голди и Курт, тие го имаат луксузот заедно да глумат во „Оверборд“.

Еднаш зборувале тие двајцата и си откривале зошто се заљубиле еден во друг и тогаш Голди рекла: „Знаеш како понекогаш забораваш зошто се заљуби? Се сетив на сѐ, и зошто се заљубив. Навистина беше нешто што можев да го видам и чувствувам“.

 

3. „Имаат среќно и големо семејство“

Не е тајна дека кога Голди Хон и Курт Расел се најдоа и двајцата веќе беа родители. Голди ја имаше ќерката Кејт и синот Оливер, додека Курт од претходниот брак го имаше синот Бостон. Тие го делат и нивниот син Вајат заедно. Тие двајца успеаја беспрекорно да ги спојат своите семејства и сепак да останат тесно поврзани.

 

4. „Тие се забавуваат заедно“

Со оглед на тоа што и Курт и Голди се занимаваат со глума, не е изненадување што никогаш не им е здодевно заедно. Познатиот актер во една прилика изјави дека неговата партнерка е толку природно смешна што не и треба многу за да го насмее: „Голди понекогаш може буквално физички да замине и да ме насмее. Таа е смешна по природа“.

 

5. „Тие не следат правила“

Конечно, една од работите што нѐ тераат бескрајно да му се восхитуваме на овој пар е тоа што тие не ги следат традиционалните очекувања што општеството ги има за врските. По 40 години, парот се уште не е во брак. Објаснуваат дека се многу среќни заедно, а всушност не ја гледаат поентата во бракот. Курт рече: „За луѓето како нас, потврдата за брак немаше да создаде ништо што инаку не би го направиле“.

За возврат, Голди додаде: „Не се работи за бракот. Се работи за луѓето и врската и волјата да останеме заедно. И тоа е големо затоа што ако го сакате, можете да го имате“. Така, се додека тие се среќни и весели, кому му е важно дали се официјално во брак или не, можеме да видиме дека тие се сродни души без тоа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *