Голфер од Флорида фатил алигатор со цела желка во уста: „Вакво нешто не сум видел! Слушнав само „крцццц“

Еден човек неодамна играл голф кога наишол на алигатор којшто во устата имал заробена желка.

 

 

Кејси Јаброу бил на 14-тата дупка на теренот за голф во Неапол, Флорида, кога слушнал нешто неочекувано.

„Слушнавме силен звук, како пиштол што пука“, изјави Јарброу за „FOX 35“во понеделникот. Дури кога се приближил до следната дупка го дознал изворот на звукот.

 

 

Масивниот алигатор имал голема желка во вилицата за која Јарброу проценил дека тежи околу 25 килограми.

Возрасните алигатори се познати по тоа што јадат желки, змии, мали цицачи, птици, риби, а понекогаш и помали алигатори.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *