Господин и госпоѓа Смит во акција! Анџелина Џоли го тужи Бред Пит дека и го украл бизнисот со вино и му бара 250 милиони долари оштета!

Поранешната компанија на Анџелина Џоли го тужи Бред Пит за штета нанесена во вредност од 250 милиони долари за наводно крадење на нивниот бизнис со вино, од неа.

Сепак, прво Бред Пит ја тужеше Џоли тврдејќи дека таа незаконски го продала својот удел во „Шато Миравал“, француски замок и бренд за вино.

Џоли ги држела своите акции во компанијата за вино преку нејзината фирма „Нувел“, но минатата година ги продала на гигантот за пијалоци „Столи“.
Во тужбата на „Нувел“ се тврди дека Пит се обидел „тајно да ги премести средствата“ од нивниот косопственик на своите пријатели и други компании и потрошил „милиони на проекти за суета“, вклучувајќи 1 милион долари за базен и повеќе на студио за снимање.

Во тужбата се бара отштета од најмалку 250 милиони долари.

Поранешната компанија на Џоли тврди дека наводната шема на Пит значела дека таа „никогаш нема да види ни пара“ од „десетиците милиони долари профит“ на „Шато Миравал“.
„Во знак на одмазда за постапката за разводот и старателството, Пит започнал повеќеслојна, долгогодишна кампања за преземање на контролата врз „Шато Миравал“ и присвојување на имотот на компанијата за негова корист и за неговите сопствени компании и потреби“, се вели во тужбата.

„Назначувајќи се себеси за вистински сопственик на „Шато Миравал“, неговите двојни цели биле да ја узурпира вредноста на компанијата на Џоли, „Нувел“ и да добие единствена сопственост на „Шато Миравал“.
Во тужбата на „Нувел“ се тврди дека „Откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли поднела барање за развод од него во 2016 година, Бред Пит започнал одмаздничка војна против неа“ и вели дека тужбата има за цел „да бара надомест за незаконските и злонамерните постапки на Пит“.

Во тужбата пишува дека сакала да му ја продаде својата половина кога се разделиле, но Пит наводно се обидел да додаде клаузули за нивните несогласувања во договорот.

„Пит знаеше дека голем дел од богатството и ликвидноста на Џоли се врзани во „Нувел“ и го искористи тој факт за да се обиде да ја принуди Џоли да се согласи со неговите неразумни услови“.

Таа на крајот го продаде „Нувел“, вклучувајќи го и нејзиниот удел во компанијата за вино, на меѓународната компанија за пијалоци „Столи Груп“.

Во тужбата се додава дека планот на Пит да ја отфрли винската компанија „бил потпомогнат од неговите сојузници, вклучувајќи ги директорите на „Шато Миравал“ Гери Бредбери, Роланд Вентурини и Ворен Грант, и неговите деловни партнери Марк Перин, Фамил Перин и Миравал Прованса“.

Деловните соработници на Пит исто така се предмет на кривична пријава поднесена од „Нувел“ во Франција.

Џоли и Пит заедно го купиле замокот во 2008 година и го користеа како место за свадба во 2014 година.

Француски замок има 35 соби и 1.300 хектари терени и лозја. Двојката го купила за 25 милиони долари во 2008 година.

Во тужбата на Нувел се тврди дека Џоли никогаш не видела „ни пара“ од профитот на „Шато Миравал од „десетици милиони долари“.

Џоли и Пит – чиј брак пропадна во 2016 година – се родители на шест деца. Освен Медокс, која сега има 21 година, тие ги имаат и близнаците Нокс и Вивиен (14), како и ќерките Шајло (16), Захара (17) и синот Пакс (18).

Иако Џоли, наводно, сè уште го има старателството над децата, Пит „притиска да ги гледа што е можно почесто каде и да се сите во светот“, велат блиски извори до поранешниот пар.

 

  • Sasho напиша:

    abe u koj film vlagaat so ova milionive, koga cigan ke vidi eurokrem, pa misli i teglata se jade. od ovakvi nepismeni koi steknaa pari, cel svet si iba majkata, milionite gi zborat nebare se centi. samo m otika i niva za ovakvi orospii i pederi, da vidat kako se zarabotuva leb

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *