Град Скопје не успеа да го затвори дивиот премин на Бит Пазар , граѓаните негодуваа со жив штит (видео)
Обидот на Град Скопје да го затвори дивиот пешачки премин кај Бит Пазар предизвика револт кај граѓаните, кои со жив ѕид го спречија поставувањето ограда. Жителите од околните населби велат дека секојдневно го користат преминот и дека неговото затворање ќе им го отежни движењето.
За време на протестот неколкупати беше блокиран булеварот „Крсте Петков Мисирков“, а на терен беше присутна и полиција. Од Град Скопје претходно соопштија дека преминот е небезбеден и нелегален, додека граѓаните посочуваат дека блискиот натпатник е во лоша состојба и не е функционален.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно