X

Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло: Грчката амбасада објасни како се аплицира

Грција започна информативна кампања насочена кон лицата со грчко потекло кои живеат во странство, меѓу кои и граѓани од Македонија, со цел да ги информира за можностите и постапките за стекнување грчко државјанство. Кампањата беше споделена и од Амбасадата на Грција во Скопје.

Според информациите, право да поднесат барање имаат лица кои можат да докажат грчко потекло, во зависност од нивната семејна поврзаност со Грција.

Доколку мајката или таткото на лицето е грчки државјанин и бил запишан во грчката матична книга на граѓани во моментот на раѓањето на детето, постапката започнува со пријавување на раѓањето во надлежниот грчки конзулат во земјата каде што живее лицето.

Во случаите кога родителот стекнал грчко државјанство по раѓањето на детето, потомокот може да поднесе барање за стекнување грчко државјанство преку грчкиот конзулат надлежен за местото на живеење.

Според грчкото законодавство, државјанството по потекло се признава доколку родителот е грчки државјанин, а клучен услов е тој да биде регистриран во општинските матични книги во Грција. За секој случај, конечната одлука ја носат надлежните грчки институции, а не конзуларните претставништва.

Грчките власти ги повикуваат сите заинтересирани да се обратат до надлежниот грчки конзулат, каде што ќе добијат информации за потребната документација, условите и чекорите што треба да ги исполнат за започнување на постапката.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *