„Губев свест и повторно доаѓав при себе“: Кејт Мидлтон првпат откри потресни детали од борбата со ракот

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, отворено проговори за својата борба со ракот, за тешките моменти што ги преживеала во болница и за долгиот емоционален пат кон закрепнувањето. Во новиот документарен филм таа за првпат открива детали од лекувањето кои покажуваат дека борбата не завршува во моментот кога ќе заврши терапијата.

„Губев свест и повторно доаѓав при себе“: Кејт Мидлтон првпат откри потресни детали од борбата со ракот

Во најтешкиот миг почувствувала дека некој ја држи за рака

Кејт Мидлтон се присети на застрашувачките моменти за време на лекувањето, кога „губев свест и повторно доаѓав при себе“. Не откри за кого станува збор, но нагласи колку многу ѝ значело присуството на блиска личност во тие часови. Таа призна дека за време на болеста имала чувство оти се изгубила самата себе. Иако во септември 2024 година ја завршила хемотерапијата, а во јануари 2025 година објавила дека е во ремисија, емоционалното закрепнување траело многу подолго.

Во најтешкиот миг почувствувала дека некој ја држи за рака

Луис ѝ порачал дека ја сака, Џорџ дека го следи патувањето, а Шарлот дека е горда

По предизвикот „National Three Peaks“, нејзините деца ѝ испратиле трогателни пораки: Луис ѝ порачал дека ја сака, Џорџ ѝ кажал дека го следи нејзиното патување, а Шарлот ѝ рекла колку е горда на неа. Кејт не можела да ги задржи солзите и истакнала дека токму децата ѝ биле најголемата мотивација. По завршувањето на лекувањето не заѕвонила на болничкото ѕвоно, со кое онколошките пациенти традиционално го одбележуваат крајот на терапијата, бидејќи тогаш не ни знаела за тој обичај. Нејзиниот брат ѝ предложил освојувањето на трите највисоки планински врвови на Шкотска, Англија и Велс да биде нејзиниот начин да го одбележи крајот на лекувањето.

Луис ѝ порачал дека ја сака, Џорџ дека го следи патувањето, а Шарлот дека е горда

Документарецот ги носи гледачите во болничките одделенија, но не открива од каков вид рак боледувала

Принцезата призна дека болеста ѝ го променила погледот на животот и приоритетите, особено кога станува збор за времето што го минува со децата. Голема утеха за време на закрепнувањето наоѓала и во природата. Со документарецот таа сака да им даде поддршка на луѓето што минуваат низ слични искуства, а приходите од дистрибуцијата се наменети за добротворната организација „Royal Marsden Cancer Charity“. Филмот ги прикажува и нејзините посети на болничките одделенија и разговорите со други болни за нивните надежи и стравови, но ниту во него Кејт не откри од каков вид рак боледувала.

cancer.mk е бесплатен македонски водич без анегдоти и псевдонаука

Борбата со ракот не завршува со последниот ден на терапијата. Таа бара проверени информации, разбирање и поддршка за пациентите и нивните семејства. Токму со таа цел постои македонската платформа cancer.mk — бесплатен истражувачки водич низ биологијата на ракот, конвенционалните третмани и научно документираните стратегии за поддршка. Сите содржини на cancer.mk се засновани на рецензирани научни студии и клинички испитувања, напишани на јасен и разбирлив јазик за пациенти, без анегдоти и псевдонаука. Водејќи се од начелото дека медицинското знаење мора да биде бесплатно и достапно за секого, порталот нуди систематизиран прирачник што помага подобро да се разбере болеста и процесот на лекување. Информациите се наменети исклучиво за едукативни цели и не заменуваат стручен медицински совет.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *