ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: 17-годишен херој ги спасил соседите од пожар зашто размислувал брзо и креативно!

Тинејџер од Пенсилванија тргнал во акција за да спаси неколку жители од зградата, откако пожар избувнал во комплекс згради во понеделникот рано наутро. Фалон О’Реган (17) требало да оди во кревет кога одеднаш ги забележал пламените јазици кои доаѓаат од предниот трем на комплексот згради.

„Ја отворив влезната врата и се стаписав. Зјапав во пламенот неколку секунди, разни мисли имав низ главата и не знаев што да направам, но знаев дека морам да избегам. Зграпчив се што можев, го скршив прозорецот и скокнав“.

СКРОЛАЈТЕ НАДОЛУ ЗА ВИДЕО

О’Реган веднаш размислувал за децата кои живеат низ комплексот, а неговите херојски постапки ги припишува на желбата да ги спаси.

„Размислував за децата и што би правел јас кога би бил помал“, рече тој. „Само мислев дека ќе ме фати паника и си реков дека морам да ги спасам“.

Херојскиот тинејџер немал време да мисли на чевли и бос скокнал од прозорецот. Тој бил првиот надвор, а набргу потоа се придружиле и другите соседи кои живееле на првиот кат.

О’Реган размислувајќи како да им помогне на соседите одеднаш ја здогледал трамболината во дворот и добил животоспасувачка идеја.

 

Ја повлекол трамболината доволно блиску до запалената зграда за соседите на вториот кат да скокнат. Но прво околу пет до десет минути, О’Реган морал да им помогне на соседите од горниот кат да ги победат стравовите од скокање.

„Тие немаа друг избор освен да скокнат“, рече тој. „Морав да ги поттикнам да скокаат“.

Двајца возрасни, две кучиња и две деца на крајот скокнале на безбедно. Три лица се пренесени во болница поради вдишување чад, а уште едно се здобило со повреда на ногата. Противпожарната служба на Бентливил не беше веднаш достапна за коментар.

Причината за пожарот е под истрага. А еве го видеото од настанот.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *