Хитот помеѓу самохраните мајки, наречен „МОМУНА“: Како изгледа животот на разведените мајки кои решаваат да не живеат сами, туку во заедница со други такви мајки и нивите деца?

Самохраните мајки ги здружуваат силите под еден покрив за да го споделат товарот за плаќање на сметките  и обврските за грижа за децата.

Овие домови, наречени „момуни“, се хит низ цела Америка, при што жените одат на социјалните мрежи за да ги споделат своите искуства од заедничкото живеење.

 

 

Бракот на Кристин Батикефер се распаднал минатата година и таа останала без работа.
Две пријателки ја одвеле неа и нејзината ќерка, која сега има четири години, во нивниот дом во близина на Џексонвил, Флорида. Не долго откако најдобрата пријателка на Батикефер, Теса Гилдер, поминала низ развод и таа исто така се преселила со нејзините две деца – сега на возраст од пет и една година.

Сега 32-годишната Батикефер го споделува својот „мумун“ живот со своите 45.000 следбеници – додека жените собираат ресурси за да ги воспитаат своите семејства.

 

Батикефер изјави за „Њујорк Тајмс“: „Кога морав да го напуштам сопругот, се што можев да размислувам беше како сега треба да сфатам како да направам сè сама – да купам куќа сама, да си ги платам сметките сама  и сама да го воспитам моето дете. Никогаш не размислував да најдам друга самохрана мајка со која ќе живеам и ќе го направам тоа заедно. Едноставно се случи“.

Во објавата на TikTok до нејзините 38.000 следбеници, Батикефер објасни како кога се разболела, другите три жени во куќата ги завршувале нејзините обврски.

 

„Ова е вашиот знак да се преселите во мумуна“, напиша таа.

Таа им дава совети и на другите и ги охрабрува да започнат сопствена таканаречена мумуна.

Во друго видео таа рече: „Ако сте самохрана мајка, би рекла да најдете друга самохрана мајка со која се усогласувате со вредностите и потоа разговарајте со неа за тоа“.

Батикефер, исто така, ги покажува придобивките од живеењето со други жени – што значи дека може да оди на плажа и да оди на концерти без да се грижи за обврските за грижа за децата кои доаѓаат со самохраното родителство.

Батикефер и Гилдер, исто така, потпишаа договор со телевизиски продуцент за реално шоу.

Тие во моментов сè уште живеат во домот со четири спални соби во близина на Џексонвил, но се надеваат дека ќе ги искористат сите средства од шоуто за да купат и реконструираат сопствен дом во наредната година.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *