Холандскиот газда мора да плати 100.000 евра казна, затоа што на своите вработени им дава бесплатен ручек

Роб Бан е сопственик на хортикултурната компанија Коперт Крес, кој многу се грижи за своите вработени. Тој смета дека е одговорен за нивното здравје, па затоа решил секој ден да им обезбедува бесплатни здрави ручеци, со препорачаната дневна количина зеленчук. Идејата е брилијантна и благородна, но холандското УЈП не мисли така.

Според инспекторите, кои излегле на терен и лично се увериле во квалитетот на оброците, ова било начин газдата да им плаќа на вработените дел од платата, поточно 20%, а само останатите 80% биле оданочени. Затоа му пишале казна од неверојатни 100.000 евра.

На оваа нивна одлука, Роб само изјави:
„Во рамките на правилата за здравје и безбедност при работа има многу правила до кои треба да се придржувате. Така на пример мора да се погрижите луѓето да имаат безбедни нозе. Им давате заштитни чевли за заштита на левиот и десниот палец, а ако се обидете да им ги заштитите левиот и десниот бубрег со добра исхрана, ќе платите дебела казна.“

Видеото е на холандски, но можете да видите како изгледаат оброците.