Холанѓанка уапсена во Египет откако нападна маж кој тепаше магаре – видеото стана вирално

Холанѓанката Џоук ван дер Пост, која живее во Египет и води ветеринарна клиника за работни животни, била шокирана кога видела маж како сурово тепа врзано магаре во близина на Каиро. На видеото што стана вирално, таа му се нафрла на човекот, го удира и го брка со камшик откако тој се обидува да избега.

Мажот поднел тужба против неа, тврдејќи дека видеото му нанело „психолошка штета“. Таа била уапсена, па пуштена, но сè уште се соочува со можност за затворска казна или депортација.

И покрај сè, таа изјави дека не жали за постапката и се надева дека ќе се постигне трајна промена во третманот на животните во Египет. Видеото предизвика масовна поддршка и отвори простор за разговор за заштитата на животните во земјата.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Bace Ace напиша:

    No coment!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *