Хорор пред судот во Менхетен: 37-годишен маж се замозапали пред судењето на Трамп во знак на екстремен политички протест

Максвел Азарело (37) се полил со алкохолна супстанца пред да допре со запалка на облеката во близина на кривичниот суд на Менхетен.

Тој беше виден како клечи со рацете зад главата зафатени од пламен додека светските медиуми и ужаснатите гледачи го гледаа.

Службениците на NYPD побрзаа да го изгаснат пламенот. Тој е однесен во болница во критична состојба.

 

Тој беше виден како фрла брошури во воздух неколку моменти пред да се запали. Останува нејасно дали протестот беше во поддршка или против поранешниот претседател, кому во моментов му се суди за исплати на Сторми Даниелс.

 

 

„Ќе знаеме дека нашата кампања за дезинформации е завршена кога СЕ што Американскиот народ верува е лага“ – Директор на ЦИА, Бил Кејси, 1981 година.

 

Објавата објавена неколку моменти пред ужасниот инцидент, гласи:

„Се запалив пред судењето на Трамп.

Се викам Макс Азарело и сум научен истражувач кој се самозапали пред судот во Менхетен.

Со чин на екстремен протест сакав да привлечам внимание за едно итно и важно откритие:

Ние сме жртви на тоталитарен измамник и нашата држава (заедно со нејзините алијанси) ќе не удри со апокалиптичен фашистички светски удар“.

 

„Никогаш не сум видел такво нешто во мојот живот. Го минував паркот и видов пожар, а потоа само се запали. Луѓето врескаа и се обидуваа да употребат апарат за гаснење пожар за да го изгаснат огнот.“, изјави очевидецот Чарлс Удоака.

„Почна да фрла брошури наоколу, а потоа се поли со бензин, два или три литри. Тој извади кибрит или запалка и целосно се запали. Тој не кажа ништо. Беше страшно зошто некој би си го направил тоа.“ – изјави друг очевидец.

Фред Гејтс од Асторија, во тоа време бил во паркот Колект Понд на кратко растојание.

„Го видов како извади од ранецот две канти бензин. Викав полиција да дојде. Луѓето почнаа да бегаат, вклучително и јас. Стигнав на половина пат од паркот и тогаш тој се запали. Фрли еден куп флаери во воздух. Изгледаше многу мирно, тивко и не зборуваше ништо“.

 

Азарело е во „критична состојба“, а полицијата сè уште работи на разбирање на целосните околности.

Тој пристигнал во градот претходно оваа недела, потврди официјален претставник, наведувајќи дека не ѝ бил познат на полицијата пред инцидентот. Неговите најблиски се информирани.

Еден час пред да се самозапали, Азарело објави текст во својата приказна на Инстаграм во кој само ги повторува зборовите „Те сакам“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *