Храбар татко ги изгубил двете нозе во брутална одбрана на своите две мали ќерки. Да не биле нозете ќе биле ќерките…

Дејв Милн и неговата сопруга Клер ги носеле тригодишната Исла и едногодишната Ана на часови за скијање на планината Мамут утрото на 15 декември кога животите им се промениле од корен.

Ветеранот на австралиските одбранбени сили, кој живеел во Сан Диего, Калифорнија, се фрлил врз децата за да се обиде да ги спречи да бидат вовлечени во механичка машина за чистење снег, откако таа удрила во нив.

Тој успеал да ја задржи Ана под своето тело, но Исла се здобила со значителни повреди, а Дејв бил заробен во машината повеќе од еден час додека спасувачите успеале да го ослободат и да го преселат во болница. Дејв останал свесен во текот на целото искуство.

 

 

Повредите на Дејв резултирале со двојна ампутација – една над коленото на левата нога и една под коленото на десната нога. Ги скршил и двете бедрени коски, карлицата, голем број долни пршлени и три ребра. Дејв бил подложен на 10 различни операции за три недели и допрва треба да прави уште многу други операции.

Исла се здобила со скршеници на двете нозе и карлицата, заедно со други рани. Таа била подложена на неколку операции и се очекува целосно да закрепне.

 

Објавата на GoFundMe од 11 јануари гласеше: „Дејв е медицински префрлен во Сиднеј, Австралија, но сè уште е примен во болница. Клер, Исла и Ана сега се вратија во Сиднеј каде Исла посетува лекарски преглед неколку пати неделно. Заедно ќе го започнат долгиот процес на рехабилитација и физички и психички“.

Механичките дувалки за снег на патиштата се дизајнирани да го чистат снегот и да ги прошират премините. Тракторите се механички или хидраулично управувани. Некои имаат сечило налик на шраф што го влече снегот пред да го издува на страната на патот. Тие можат да тежат повеќе од 450 кила.

 

Во една објава од 16 јануари, таткото рече за Ана, која не е повредена: „Ана дава се од себе за да биде малечка сестра која знае дека нејзината сестра не може да ја брка засега“. Објавата вели дека сопругата, Клер, успева да се грижи за семејството со тоа што била „храбра и користејќи ја секоја трошка сила што ја има за да се одржи присебна“.

Таа дава се од себе да ги држи девојките зафатени со посети за да го видат тато, патувања во паркот и играње со пријателите за да го одржи борбениот дух на девојките“.

 

Исто така, Исла неодамна имала итна операција и се опоравува дома со Клер и Ана. GoFundMe страната досега има генерирано повеќе од 74.000 долари, а целта е 100.000 долари.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *