ХРАБРО ОПОРАВУВАЊЕ: „Мојот дечко ми го изгоре лицето со киселина, ми требаа години да се опоравам, но конечно ја пронајдов љубовта!“
Жртва на напад со киселина раскажа за нејзиното неверојатно закрепнување по хоророт што го преживеала и открива дека конечно нашла љубов.
Линети Кирунги поминала повеќе од една година во болница откако врз неа била фрлена киселина, во болен заговор организиран од нејзиниот огорчен поранешен дечко, додека таа одела на универзитет во нејзините 20-ти години.
Се сеќава дека врескала во агонија додека киселината и ги горела облеката, косата и месото.
Линети вели: „Бев вкочанета како статуа. Случаен минувач се обиде да помогне со фрлање вода врз мене, но киселината беше толку силна што косата ми се запали“.
Нападот беше толку болен, што Линети влетала во сообраќајот во надеж дека ќе стави крај на својата мизерија.
Таа објаснува: „Мислев дека мојот живот заврши. Не постои начин да се разбере болката“.
Таа вели дека нејзиниот поранешен партнер платил соучесник да го изврши нападот за таа „да умре или да биде обезличена“.
Нејзиниот пат до закрепнување бил долг, но на крајот, Линети успеала да го заврши својот универзитетски курс во Уганда и да се обиде да продолжи со својот живот.
Но, таа развила длабока недоверба кон мажите по трауматичното искуство со нејзиното поранешно момче.
Таа изјави за „Mirror“: „Ми требаа неколку добри години по нападот за повторно да се зближам со маж.
Имав многу омраза кон нив. Секогаш кога ќе ми пријдеше маж, помислував дека ќе ги направи истите работи што ми ги правеше моето поранешно момче“.
Линети речиси целосно се откажала од љубовта по низата разочарувања со мажи кои не можеле да ги прифатат нејзините лузни.
Таа вели: „Решив дека љубовта не е за мене и дека ќе го посветам мојот живот на помагање на другите. Но, тогаш излезе од ведро небо“.
Автомобилскиот инженер Дејв (42) од Вестон, Сомерсет ја запознал Линети преку Интернет во 2020 година.
Двајцата се поврзале поради нивниот интерес да им помагаат на другите откако Линети основала невладина организација за финансирање медицинска нега и основни материјали за другите преживеани од изгореници наречена „Hope Care Rescue Mission“.
Сега двојката планира да се венча следната година откако Дејв ги посетил нејзините родители во Уганда.
Таа вели: „Многу мажи гледаат на нечија убавина во поглед на изгледот, а не на внатрешната убавина, така што личност како мене со лузни секогаш ќе се гледа различна од другите и ќе им се суди. Дури и кога ќе најдете некого и ќе започнете врска, тој не се чувствува удобно. Тој не сака да ве однесе никаде во јавност бидејќи не сака да биде испрашуван“.
Линети е благодарна што Дејв не размислува така, велејќи дека таа е „една од среќните“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно