„Ѝ ја скратив косата на ќерка ми до половината затоа што не ме слушаше – дали претерав?“

Самохран татко е на удар на критики затоа што ја исекол косата на својата ќерка откако таа била непослушна.

Таткото напишал дека „секое утро е битка“ со неговото седумгодишно девојче, бидејќи таа одбивала да ја исчетка нејзината долга коса до половината и ја носела заплеткана. По една расправија, на мажот му се здосадило и ја исекол нејзината коса.
Детето било „уништено“, како и неговата мајка и тетка, кои рекле дека таткото требало многу поинаку да се справи со проблемот, сметајќи дека неговата реакција е „целосно непотребна“.

 

 

 

Многумина се согласија дека мажот не требало да ја скрати косата на својата ќерка, велејќи дека таа е премногу млада за сама да ја одржува косата, но други сметале дека неговите постапки биле „разумни“.

„Јас ја предупредив во текот на минатата година дека ако не почне да ја четка косата барем два пати на ден, ќе ја скратиме. Секое утро е битка“, објасни тој на „Reddit“.

„Разговарав со нејзината мајка за тоа и таа се согласи дека можам да ја скратам ако не ја преземе одговорноста за својата чистота“.

Тој појасни дека не ја држел и насилно и ја потстрижил косата. Тој и рекол да ги земе ножиците, да му ги подаде и да седне пред него, што таа го послушала.

„Мајка ми и сестра ми беа многу вознемирени од мене. Мајка ми ми рече дека ќе ја уништам ќерка ми ако не почнам да одам на часови за родителство и дека стрижењето на нејзината коса е сосема непотребно“.

 

 

Таткото додал дека и помага на својата ќерка да си ја четка косата секое утро, но сакал да ја научи барем да се обиде да го направи тоа сама за да може да почне да учи како да биде самостојна.

„Во последните неколку години, разговарав со неа за тоа како луѓето со долга коса треба да се грижат за неа. Се обидувам да ја натерам да почне да ја четка веќе неколку години, никогаш не очекувајќи дека таа целосно ќе ја преземе контролата, туку само да почне да учи да се грижи за себе“, објасни тој.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *