„Ѝ кажав на мојата најдобра пријателка дека нејзиниот сопруг ја изневерува, сега јас сум нејзиниот најголем непријател“

Среќен и силен брак може одеднаш да се претвори во кревка заедница која може брзо да се распадне кога ќе се појави неверство на прагот на сопружниците. Оваа пријателка случајно дознала дека мажот на нејзината најдобра пријателка ја изневерува, а сега е уништена бидејќи се сомнева дали на вистински начин ѝ ја сервирала горчливата вистина на својата пријателка.

 

 

„Јас и Сара сме пријателки повеќе од 20 години. Нашето пријателство започна уште во основно и оттогаш сме неразделни. Имаме поминати многу работи заедно и секогаш сме тука една за друга. Кога јас се разведов од мојот сопруг поради неговите лоши навики и начинот на кој се однесуваше со мене, Сара беше таа што беше тука за мене.

Кога Сара го запозна својот сопруг и се земаа, јас секогаш бев добредојденаво нивниот семејство. Често ме покануваа да останам кај нив за викенд и дури неколку пати живеев со нив, кога имав проблеми со наоѓање стан.

Сите тројца бевме многу блиски, а кога Сара го роди првото дете, јас станав кума. И се беше супер, се додека еден ден не се промени сè.

 

Отидов во едно кафуле со една колешка после работа. Седиме и го разгледувам менито што да земам и одеднаш кога го кренав погледот во видов сопругот на Сара како се бакнува со една црвенокоса жена, која очигледно не беше Сара.

Одеднаш сфатив дека и жената ми е позната од некаде. И се сетив дека всушност тоа е наша колешка од факултет, со која исто така имавме блиски односи. Во тој момент имав желба да отидам на нивната маса, да се јавам на видео на Сара и да ѝ покажам што се случува зад грб. Но, не го направив тоа. И се двоумев што треба да направам, дали треба да кажам за аферата или да баталам.

 

Една недела се мислев што да правам и не можев да поверувам како тој се преправаше дека е совршен заљубен сопруг и се однесуваше како ништо да не се случило. А во меѓувреме дознав дека тие имале афера веќе 5 години. И не можев да издржам, па еден ден се одлучив да ѝ ја кажам вистината на мојата пријателка.

Но, реакцијата на мојата пријателка не беше ни приближно до тоа што очекував. Таа реагираше на чуден начин, велејќи ми дека не ми верува ниту еден збор и почна да ме обвинува дека сум злобна и ѝ завидувам поради мојот пропаднат брак.

Сега сум апсолутно очајна, затоа што Сара престана да комуницира со мене. Покрај тоа што мојата најдобра другарка продолжува да живее со измамник, таа сега с едави во базен од лаги и јас не можам ништо да направам во врска со тоа. Мислам дека треба да направам нешто, но не сум сигурна по кој пат да тргнам.

Кои би можеле да бидат моите следни чекори?“

  • tlover tonet напиша:

    Hey there! Quick question that’s entirely off topic. Do you know how to make your site mobile friendly? My weblog looks weird when viewing from my iphone 4. I’m trying to find a theme or plugin that might be able to resolve this problem. If you have any suggestions, please share. Appreciate it!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на tlover tonet Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *