„Ѝ наплаќаме кирија од 200 долари месечно на нашата 19-годишна ќерка за да живее дома со нас, откако се одлучи да не се запише на факултет. Што има лошо во тоа?“
Брачен пар од Тексас, кој започнал да ѝ наплаќа кирија на својата ќерка, откако таа одлучила дека нема да оди на факултет, покрена дебата за модерното родителство.

Ерика и Коди Арчи од Гејтсвил имаат речиси милион следбеници на ТикТок каде објавуваат видеа од нивниот живот на ранч. Нивната одлука да ѝ наплаќаат на нивната 19-годишна ќерка Кајли Дисон 200 долари месечно за кирија ги подели нивните следбеници на социјалните мрежи и поттикна спектар на мислења.
Кајли завршила средно училиште во мај 2022 година и на 1 јуни, во рок од две недели почнала да им плаќа кирија на родителите. Тој избор остави голем дел од нивните следбеници поделени околу тоа како родителите можат најдобро да ги научат своите деца на финансиска зрелост.
„Откако Кајли заврши средно училипте ѝ реков: „Први јуни ни истекува киријата ако продолжиш да живееш овде“, рече Коди, кој имал малку построг став од Ерика.
„Мислев дека тоа е малку сурово“, рече Ерика, иако двајцата се согласни на оваа тема.
„200 долари месечно е многу евтино за да живееш во куќата на твоите родители. Сметаме дека тоа е добра лекција за плаќање сметки и такви работи“, рече Коди.
Еден коментираше дека се согласува со одлуката на парот, пишувајќи: „Мајка ми го направи тоа. Избрав да не одам на факултет, но се вработив. Од мене се очекуваше да плаќам кирија и воопшто не ѝ замерував. Тоа е она што треба да се случи“.
Некои луѓе ги раскажуваа сопствените искуства додека растеле и коментираа како мислеле дека одлуките на нивните родители влијаеле врз нив. Многумина предложија систем со кој децата плаќаат кирија, така што тие чувствуваат чувство на одговорност, но парите ќе им бидат вратени подоцна. Други беа цврсто против на децата да им се наплаќа кирија.
„Решивте да имате дете…не обратно. Каде на друго место би оделе ако не живеат дома со вас?“ рече едно лице.
„Мајка ми ме натера да плаќам 500 долари месечно за да живеам дома со неа, а тоа беше пред 20 години. Таа никогаш не ми ги врати парите и единственото нешто што го постигна беше ме наполни со незадоволство и ме стави во дефицит“, додаваат друго лице.

Анкетата спроведена во име на Newsweek оваа година покажа дека речиси две третини од 1.500 Американци веруваат дека возрасните во дваесеттите години кои живеат во домот на нивните родители треба да плаќаат кирија, дури и ако на родителите не им требаат пари.
Во САД, како што е случајот во многу западни земји, вообичаено е многу деца да го напуштаат домот на нивните родители во тие години. Во 2020 година, беше откриено дека бројот на луѓе кои живеат дома достигнал највисоко ниво од Големата депресија. Просечната месечна кирија во САД достигна рекордно високо ниво во 2022 година, а цените на куќите продолжија да растат во поголемите градови .

Коментирај анонимно