И во средниот век користеле ФИЛЕРИ, ама за ДЕБЕЛИНА! 10 средновековни факти за гардеробата кои ќе ве остават во чудење

Поради филмаџиите средниот век се претвори во мистериозна, сурова и чудна ера. Иако за многуте грешки во филмовите треба да се „заблагодариме“ на викторијанските научници, кои малку ја искривија историјата. Викинзите добија шлемови со рогови, а зашилените капи на принцезите станаа суштински атрибут на жената од тоа време.

Ние се втурнавме во историјата и сакаме да се фокусираме на неколку факти за средниот век.

Средновековните корсети изгледале поинаку отколку што мислиме

Благодарение на филмовите и ТВ емисиите, гледачите се сигурни дека корсетот е неопходен атрибут на средновековниот женски тоалет. Всушност, во тие денови навистина се носело корсет, но тој имал малку заедничко со модерната облека.

Според некои описи, корсетот воопшто не бил долна облека, туку облека за специјални пригоди. За нивната изработка се барало многу ткаенина, биле извезени со злато. Покрај тоа, нив ги носеле и мажи и жени.

Жените имале свој, посебен кодекс на облекување

Црквата одиграла важна улога во животот на една средновековна двојка. Лекарите им забраниле на жените да бидат целосно голи. Затоа, дури и сама со својот сопруг во моментите на интимост, жената секој пат морала да стави барем капа. Работата е во тоа што лекарите во тие денови верувале дека женското тело најмногу ја губи топлината преку главата.

Ако ја оставите главата непокриена, може да се развијат опасни болести. Затоа, во повеќето случаи, на тогашните слики и фрески, дури и во кревет и за време на породувањето, жените носат некаква наметка на главата.

Појасите за целомудреност постоеле, но биле создадени многу подоцна отколку што мислиме

Појас за целомудреност се вика за појасот со катанец кој ја штител жената, како оклоп. Појасот за целомудреност ги уверувал мажите дека нивните жени нема да имаат сексуални односи со никој друг.

Митот за појасите за целомудреност ни го наметна и киното. Сè започнало кога еден германски истражувач открил таков појас на скелетот на една млада жена. Откритието предизвика многу дискусии во научните кругови. Погребот бил датиран во 16 век, но истражувачите се сомневале во вистинитоста на датумите. На крајот, првата копија била изгубена.

Други 2 познати приказни за појасот за целомудрие порано биле изложени во Британскиот музеј и Германскиот национален музеј, но двете институции сега ги отстранија од изложбите. Современите историчари се склони да веруваат дека тие артефакти се создадени многу подоцна.

 

Келтскиот брош морало правилно да се закачи, во спротивно постоело ризик да се повреди соговорникот

 

Еден од незаборавните елементи на машката средновековна гардероба е наметката. Се носела и како секојдневна облека и како облека за патување. Наметката може да биде со различна должина и направена од различни ткаенини.

На наметката имало специјален келтски брош. Нив ги носеле и мажи и жени. Според ирскиот закон од тоа време, брошот треба убаво да се намести да лежи на наметката, да не штрчи. Ако не го наместите убаво постоело ризик да го боцкате соговорникот кој е доближил премногу блиску. И секоја, дури и најнезначајната повреда, во тие денови се заканувала со болест.

 

Капата може да го покаже статусот и нивото на богатство на сопственикот

Во гардеробата на средновековните модничари имаше многу капи. На пример, „чаперонот“ и „хаубата“ се чудни качулки. Отпрвин, „хаубата“ се користела за да се заштитат од временските услови, a потоа се здобиla со специфична опашка – лирипипа.

Должината на опашката зависела од приходот на сопственикот. Колку подолгa лирипипа, толку побогат бил сопственикот на „хаубата“ – бидејќи можел да троши пари на непотребна ткаенина. Сега „lyripips“ ги красат капите на дипломираните студенти.

За чевлите помалку да се истрошат, носете заштита

Чевлите во средниот век биле направени од кожа. Но, како да го зачувате материјалот при долги патувања? Практичните жители од тие векови излегле со специјални облоги за чевли – „шалтери“. Некогаш биле направени од дрво или повеќеслојна кожа и се прицврстувале на нозете со ремени. „Патените“ се еден вид средновековни навлаки за чевли.

Друг женски аксесоар е марамата на главата. Морала да биде правилно врзана

Изразот на англиски е „wimple“, тоа е покривка за глава, која е ткаенина превиткана во неколку слоеви и обвиткана околу главата и вратот на жената. Станала широко распространета со доаѓањето на христијанството, кога мажените жени не требало да ја покажат својата коса. Ткаенината морала да биде бел лен или свила, завиткана околу главата на посебен начин. Подоцна, калуѓерките почнале да носат слични марами на главата.

 

Жените им „одзедоа“ парче облека на мажите

„Сурко“ – долг и простан мантил, сличен на пончо и често украсен со грбот на сопственикот. Првично, панталоните ги носеле мажите, но постепено ова парче облека било модифицирано и се појави во женската гардероба. Во XIV век, во мода дошло специфичен тип на женско палто без ракави со претерани исечоци за рацете. Моралистите ги сметале таквите исечоци премногу откривачки и ги критикувале.

Облеката не била направена од ништо

Погрешно е да се претпостави дека сиромашните носеле партали и облека исечена по случаен избор. Во тоа време било скапо да се направи ткаенина, па облеката беше внимателно правена. Волна носеле дури и селаните. Најчестата боја на туники и фустани во тоа време била сината.

Во различни периоди во средниот век постоеле закони кои им забранувале на селаните да носат одредена облека наменета за повисоките класи. Но, по правило, немало потреба од посебен закон, бидејќи сиромашните и онака немале средства за да можат да носат облека како повисоките класи.

Филер бил додаден на ракавите и пределот на стомакот за да изгледа побогато.

Дебелината во тие денови се сметала за знак на просперитет. Затоа, и мажите и жените во доцниот среден век често ставале филери во облеката. Го пополнувале празниот простор, така што рацете и стомакот се чинело дека повеќе се испакнати.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *