Игор Џамбазов и Ивана Кнез во разиграна фотосесија на плажа во Дојран: Таа во црвен фустан со висок шлиц, тој со раката на нејзината нога (фото)

Модната креаторка Ивана Кнез и Игор Џамбазов се главните ѕвезди на една несекојдневна фотосесија направена на плажа во Дојран, а фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи се полни со хумор и интересни моменти.

Ивана позира во впечатлив црвен фустан од тантела со висок шлиц, од нејзината најнова креација, додека Игор овојпат се најде во улога на машки модел.

Но, наместо класично позирање, двајцата решиле добро да се забавуваат пред објективот. На дел од фотографиите Џамбазов ја допира Ивана по ногата, на други прави смешни гримаси, а во еден момент дури и се преправа дека ја удира по главата со камен.

Друштво на плажата им правела и Ферхунде, кучето што Игор го вдоми пред неколку години.

„Стареам со страст, посветено на генерации што бираат да се гласни во едно време што бира да молчи. Благодарам Маестро што си дел од оваа фотосесија. Ни подари еден незаборавен ден“, напиша Ивана.

Во свој препознатлив духовит стил, таа додаде и предупредување за сите што ќе ги погледнат фотографиите:

„Пред употреба внимателно прочитајте го упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите ефекти на овие фотографии консултирајте се со вашата комшика или најблискиот трач конзулат“.

Фотографиите се објавени на нејзинио Фејсбук профил.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *