Илон Маск ја прифати неверојатната понуда од еден од најдобрите ММА борци, да го тренира за борбата со Марк Цукерберг
Илон Маск ја прифати сензационалната понуда од легендата на УФЦ, Жорж Сент Пјер. Сент Пјер му се обрати на Маск на 24 јуни, велејќи: „Јас сум твој голем обожавател и би ми било апсолутна чест да ти помогнам и да бидам ваш тренер за предизвикот против Цукерберг“. 51-годишниот Маск сега конечно одговори три дена подоцна, велејќи: „Добро, ајде да го направиме тоа“.

Тоа е понуда што Маск би бил будала да ја одбие – Сент Пјер е поранешен шампион на УФЦ во полусредна и средна категорија, еден од најдобрите ММА борци кои влегле во октагонот.

Шефот на УФЦ, Вајт, верува дека тоа би можело да биде најпрофитабилната борба на сите времиња, иако во моментов не се објавени цврсти официјални детали за местото и времето.
„Разговарав со Марк и Илон… и двајцата се апсолутно сериозни во врска со ова“, рече Вајт минатата недела.
Вајт сугерираше дека борбата може да се случи во Лас Вегас и дека плаќањето по преглед ќе биде 100-200 долари повеќе од она што обично се наплаќа за неговите UFC настани.
51-годишниот Маск го понуди натпреварот минатата недела откако коментираше на објава за најновио тпроект на Цукерберг, кој наводно ќе се вика Threads и ривал на Twitter.

Prekrasna teatarska pretstava za sitnata boranija
Коментирај анонимно