„Имам 40 години и луѓето постојано нѐ мешаат за сестри со мојата ќерка тинејџерка, но можете ли да нѐ разликувате?“

Карли Џонсон, од Стокпорт, Манчестер, вели дека пријателите ја нарекуваат случај Бенџамин Батон, бидејќи секој пат кога излегува со ќерката Киа Даглас (17) ги збунуваат странците кои веруваат дека се или сестри или пријатели. А мораме да кажеме и има зошто.

Мајката вели дека зачудениот персонал во ресторанот дури е познат по тоа што ги повикал колегите на нивната маса и барале да ја објаснат нивната разлика во возраста од 23 години.

Туристичката агентка вели дека збунетоста ја сфаќа како комплимент, но ѝ е непријатно кога мажите ја прашуваат за нејзината „секси пријателка“, односно ќерка ѝ.

Карли, која е сингл веќе две години, вели дека привлекува многу помлади мажи од неа, што ѝ се допаѓа бидејќи е „млада во срцето“ и сака да се забавува. Нејзиниот твит со кој ѝ посакува среќен роденден на Киа во јуни стана вирален со повеќе од два милиони прегледи од збунети корисници.

Карли рече: „Постојано нѐ мешаат за сестри сестри. Тоа се случува насекаде. Го сфаќам како комплимент. Излеговме на 17-тиот роденден на Киа и прашав келнер дали може да нѐ фотографира кога ќерка ми се врати од тоалетот и тој беше толку збунет. Мислеше дека сме две пријателки излезени на вечера. На одмор некој ѝ рекол на Киа да ѝ каже на нејзината сестра дека храната е готова. Таа им кажала дека сум ѝ мајка тие биле шокирани. На Киа не ѝ пречи. Таа не се срами. Навистина сме блиски и делиме облека“.

 

Таа инсистира на тоа дека нејзината тајна за младешки изглед е во нејзините гени, бидејќи се сеќава дека болничкиот персонал ѝ кажал на нејзината баба Бети Прендергаст дека изгледала како да има 70 години и покрај тоа што имала 90.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *