„Имам 49 години и сакам да се облекувам провокативно – но, еве што другите луѓе мислат за тоа!“

Роуз Кордеиро (49) има смел стил за облекување што одговара на нејзината смела личност.

 

 

 

Мајката живее во Тексас со своите четири деца, но луѓето често коментираат колку таа всушност изгледа младо. Таа вели дека кога е надвор со нејзината ќерка, која е во нејзините дваесетти, луѓето мислат дека тие се сестри.
Самоуверената мајка сега има профил на „TikTok“ која има акумулирано над 43.000 следбеници и таа го користи просторот за да зборува за позитивните работи во животот. Таа почна да создава забавни клипови за време на пандемијата и сето тоа тргнало потоа.

 

 

„Не би била јас да се облекувам онака како што општеството мисли дека треба да се облекува една 49-годишна жена. Тоа не би била јас и не би ми било удобно во тоа. Да се ​​облекувате онака како што сакате не треба да се одредува според вашата возраст“.

 

 

 

Роуз не сака да се врши притисок врз жените за тоа, како треба да изгледаат на одреден начин и не мисли дека е правилно да се судат луѓето врз основа на тоа што ќе одлучат да носат.

 

 

 

Мајката исто така вели дека мисли дека работите често се сексуализираат и не разбира зошто луѓето коментираат кога жените не носат градници. Таа за „US Sun“ изјави дека е „целосно против градниците“ и смета дека „на општеството му е испран мозокот“ да верува дека тоа е сексуална работа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *