„Имам само 27 години и нето вредност од 500.000 долари – еве кои се моите тактики за штедење, што ги применува и Ворен Бафет“

Квини Тан, од Сиднеј, ја истакна важноста на штедењето и сподели нов трик што треба да се применува во секое домаќинство.

 

 

 

27-годишната мајка, која има нето вредност од повеќе од 500.000 долари  призна дека управувала со нејзините финансии на начин што трошела пари на она што и требало, а потоа ги зачувувала сите преостанати средства во заштеди. Меѓутоа, сега таа го прави спротивното и издвојува одредена сума за заштеди и живее од остатокот. Практичната замена значи дека така е поголема веројатноста да заштедите пари на долг рок.

 

 

 

„Значи, прво издвојувам пари за моите заштеди и инвестиции, а потоа плаќам за моите потреби, а потоа плаќам и за моите желби“, рече таа во клипот.

„Дури и Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот, ја поддржува оваа теорија: „Не штедете го она што останува по трошењето, трошете го она што останува откако ќе заштедите“.

Претходно Квин ги откри своите седум приходи, вклучувајќи соработки со брендови на социјалните мрежи, акции, приходи од YouTube, продажба на дигитални производи и зборување на јавни настани.

 

 

Видеото оттогаш е прегледано повеќе од 31.000 пати и многумина ѝ се заблагодарија на Квини што го сподели практичниот совет.

На почетокот на оваа година, нејзиниот вереник Пабло Бизини (32) ја пречека нивната ќерка Гиа на светот на 19 март и веќе веднаш ѝ отворил инвестициска сметка. Кога се родила Гиа, двојката од Сиднеј инвестирала 1.000 долари за неа и велат дека ќе го прават тоа секоја година на нејзиниот роденден. Ќе се инвестираат и сите парични подароци од пријателите и семејството. Кога ќе наполни 18 години, Гиа ќе има 41.000 долари, а кога ќе наполни 65 години ќе има 1,8 милиони долари.

„Инвестирањето е одличен начин да се осигураме дека нашите пари вредат повеќе со текот на времето, наместо да бидат изедени од инфлацијата и зголемените трошоци за живот!“

Квини истакна дека живеењето во Австралија е скапо, особено со тоа што трошоците за живот и пазарот на домување продолжуваат да се зголемуваат.

  • zoritoler imol напиша:

    I’ve been browsing online more than three hours today, yet I never found any interesting article like yours. It’s pretty worth enough for me. In my view, if all site owners and bloggers made good content as you did, the web will be much more useful than ever before.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на zoritoler imol Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *