„Имам среќа што сум жив!“ -вели Ештон Качер, по борбата со ретка автоимуна болест

Ештон Качер откри дека е „среќен што е жив“ откако откри дека страда од ретко автоимуно нарушување поради кое не можел да слуша, гледа или оди. 

„Ја имав оваа чудна, супер ретка форма на васкулитис, која ми го наруши видот, слухот и ми ја урна целата рамнотежа“, рече тој во клип што го сподели на социјалните мрежи.

Постојат многу видови на васкулитис, а повеќето од нив се ретки. Ако протокот на крв е ограничен, може да дојде до оштетување на органите и ткивата.

Според Качер, неговото ужасно искуство со васкулитис, иако страшно, направило многу повеќе да си го цени сопственото здравје, објаснувајќи дека тој никогаш претходно не размислувал на оваа тема вака.

„Вие навистина не го цените тоа, додека не го снема“, признава Качер.

Актерот откри дека му била потребна една година да ја врати својата сила и издржливост.

Таткото на две деца рече дека предизвиците ги смета за можност за раст. 

„Во моментот кога ќе почнете да ги гледате вашите препреки како работи што се направени за вас, за да ви го дадат она што ви треба, тогаш животот почнува да ве забавува, нели? Почнувате да сурфате над вашите проблеми наместо да живеете под нив“, рече тој. 

Во понеделникот вечерта, тој се огласи на Твитер за да ја сподели својата моментална состојба и да изјави дека ќе трча на маратонот во Њујорк во 2022 година во ноември.

Качер не прецизираше кога точно започнале неговите медицински проблеми, но според релативно малкуте објави на неговиот профил за време на пандемијата, може да се заклучи дека тие семејно биле во карантин поголемиот дел од пандемијата.

Тој и сопругата Мила Кунис (38), беа ригорозни и продолжија да носат маски на речиси сите нивни јавни излегувања од почетокот на пандемијата, сè до март 2022 година кога во Лос Анџелес беа тргнати сите закони околу носењето маски.

Минатиот месец, двајцата беа видени како носат спортски маски за лице додека биле излезени во продавница со нивните две деца.  

Ѕвездата на „Stoner Cats“ уживаше играјќи фудбал на плажа со својата сопруга во Санта Барбара. Прекрасно црно куче се обиде да се вклучи во акцијата.

Во клипот од претстојното појавување на Качер во јавноста, тој не навлегува во детали за неговиот процес на лекување на васкулитис, но наведува дека третманот за состојбата обично „се фокусира на контролирање на воспалението и управување со сите основни состојби кои можат  да го активира васкулитисот“.

Најчестиот тип на лекови што се препишуваат за болните од васкулитис се кортикостероидите, кои се користат за контрола на воспалението на крвните садови. 

Сепак, тие можат да имаат голем број на непријатни и тешки несакани ефекти, вклучувајќи зголемување на телесната тежина, дијабетес и ослабени коски.  

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *