„Имав афера со мојот зет и за тоа е виновна ќерка ми“

Мајка ми секогаш ме учеше дека ако не спиеш доволно со сопругот, тој ќе побара на друго место.

Тоа беше лекција што се обидов да ѝ ја пренесам и на мојата ќерка, Џејн. Пред да се омажи, ѝ велев да биде реалистична во врска со машката желба за редовен секс и секогаш да ги става работите во спалната соба на прво место.

Џејн ги отфрли моите „застарени“ ставови, со потсмев ми кажа дека ниту еден самопочитуван, модерен маж никогаш не би постапил на тој начин.

Но, се покажа дека бев во право. Откако ги добија своите три деца и Џејн беше зафатена со кариерата и мајчинството, мојот зет навистина имаше афера. Со мене.

Да, добро прочитавте. Спиев со таткото на моите внуци, сопругот на мојата сакана ќерка.

И да, се осмелувам да инсинуирам дека вината е нејзина, бидејќи ја изгуби од вид потребата на својот сопруг.

 

Иронично, Џејн беше таа што предложи Мајк да дојде и да живее кај мене шест месеци поради деловни обврски надвор од дома. Јас прифатив, мислејќи дека така ќе можам да го надгледувам за нејзино добро.

Но, сепак… се почувствував привлечена од овој духовит, шармантен, интелигентен и многу згоден маж, кој ми рече дека ќерка ми одбива да биде интимна со него.

Верувајте, разбирам зошто сакате да ме распнете. Но, не сум бездушно чудовиште. Ова не беше обична афера без емоции; ние развивме вистински чувства еден за друг.

И двајцата бевме очајно осамени, по години на обиди да ги игнорираме длабоко вкоренетите стравови дека нашите бракови се нестабилни.

Мојот сопруг, Пит, исто така работеше далеку од дома со недели. А кога ќе се вратеше, имав чувство дека воопшто не ме „гледа“. Додека Мајк ме гледаше како да сум божица. Тој беше првата личност по долго време што навистина ме слушаше.

Но, знам дека тоа што го направивме беше погрешно. Па, како можам да живеам со себе?

Помага тоа што јас и мојата ќерка живееме во различни земји – токму тоа беше и причината поради која на Мајк му требаше место за престој во Обединетото Кралство. Да ја гледав секој ден, вината ќе ме уништеше.

Имав 19 години кога останав бремена со Џејн, додека студирав англиска книжевност. Бев безнадежно вљубена во нејзиниот татко, наивно мислејќи дека и тој се чувствува исто и дека ќе можеме заедно да ја растеме нашата ќерка. За жал, тој немаше намера да остане.

Мајка ми беше оддалечена и доста авторитарна. Кога ѝ кажав дека сум бремена, таа беше од типот „си ја наместила постелата, сега легни си во неа“.

Бев приморана да се откажам од факултетот, убедувајќи се себеси дека ќе се вратам како повозрасна студентка. Никогаш не го направив тоа.

Што е уште полошо, поради компликациите при породувањето ми беше отстранета матката – што значеше дека никогаш повеќе нема да можам да имам деца.

Во тоа време бев премлада за да ги разберам последиците, но, Господи, колку само сум плачела низ годините кога ќе се навратам на тоа.

Во тие први години ужасн се лутев на мајчинството, додека моите пријатели излегуваа, се забавуваа и запознаваа момчиња. Кога конечно се почувствував подготвена да почнам повторно да излегувам, сфатив дека повеќето млади мажи не сакаат да бидат врзани со дете од друг човек. Бев неверојатно осамена.

Но, без разлика на сè, бев опседната со мојата преубава ќерка. Се вратив да живеам со мајка ми, која се грижеше за Џејн. Таа беше далеку пољубезна кон својата внука отколку што некогаш била кон мене.

На 30 години, имав своја маркетинг фирма и кога Џејн наполни осум години, се преселивме во изнајмен дом.

Пет години подоцна, на 35 години, го запознав Пит, тогаш 40-годишен, на еден бизнис-натпревар. Тој беше мојата прва врска по таткото на Џејн.

Пит беше духовит, мудар човек кој знаеше да избере добро јадење од мени и секогаш го гледаше животот од позитивната страна. Мајка ми ми рече дека сум среќна што воопшто е заинтересиран за мене, иако нејзиниот коментар ме заболе, знаев дека е во право.

Искрено, да не бев веќе мајка, веројатно немаше да се чувствувам привлечена од Пит. Но, во мојата ситуација, тој изгледаше како добра шанса.

Работеше – и сè уште работи – во продажба на технолошки производи, и често велеше дека аеродромите му се втор дом. Знаев од почеток дека барем една недела во месецот ќе биде отсутен.

Но, кога по шест месеци врска ми предложи брак, знаев дека неговата плата ќе ми овозможи да се посветам повеќе на Џејн.

Година дена по запознавањето, се венчавме.

Џејн, тогаш 14-годишна, беше задоволна од Пит. Се грижеше за тоа да не останам сама.

Со текот на времето, стануваше јасно дека не сме баш слични. Таа е многу емпатична, прва помага во хуманитарни акции, додека јас, признавам, не сум таква. Јас сум многу поекстровертна.

Не наликувавме ни физички. Џејн ја немаше мојата витка фигура – таа многу повеќе личеше на својот татко. Ниска и бринета, пополничка, секогаш се трудев да ја научам да внимава на тежината.

На 18 години, Џејн замина на факултет. По дипломирањето, патуваше низ Јужна Америка и Европа. На 25 години го запозна Мајк, тогаш 28, додека беа во Шпанија.

Тоа беше нејзината прва сериозна врска и бев воодушевена што најде таков маж. Висок, атлетски тип, шармантен и од добра фамилија.

Се венчаа набрзо и бев горда.

Но, на свадбата, кога Мајк ми кажа дека сум „секси“ свекрва и побара танц со мене, се изгубив во моментот.

И години подоцна, кога дојде да живее кај мене… знам дека не беше во ред, но не можев да се сопрам.

На почетокот, бидејќи никогаш порано не сме поминале време сами заедно, сè беше многу круто. Морав постојано да ја прашувам Џејн за работи како што е неговиот омилен вид храна. Но, по неколку недели, си реков самата на себе да се опуштам.

Првите два месеци поминаа како во миг, а кога дојде Божиќ, Џејн и децата долетаа, а и Пит се врати дома.

Но, тогаш почна јануари, кој ми изгледаше бескрајно долг. Посебно затоа што Пит не беше тука цел месец и планираше да остане отсутен и во февруари. Бидејќи имав „друштво“, тој беше спокоен и немаше проблем да остане таму каде што беше.

На почетокот, се чувствував ужасно осамено. Но, потоа сфатив колку навистина уживам во друштвото на Мајк.

За почеток, тој беше многу поразговорлив од Пит. А и многу повнимателен – ми оставаше мене да одлучам кое вино ќе пиеме, што ќе гледаме на телевизија, и ми даваше комплименти за тоа како изгледам кога ќе излезев на работа наутро.

Почнавме да готвиме вечера заедно, а виното што го делевме нè водеше кон навистина длабоки и интересни разговори.

Ми раскажуваше за своето детство, за бурните тинејџерски години и за плановите што ги имаше за иднината.

Ми довери дека сака да патува низ светот со брод, заедно со Џејн и децата.

Бидејќи знаев колку Џејн станала семејно ориентирана откако стана мајка, му реков „Со среќа за да ја убедиш во тоа“. Двајцата се насмеавме, со некаква тивка спогодба.

Од тој момент, малите доверливи коментари за Џејн почнаа да се провлекуваат низ нашите разговори. Џејн никогаш не би зготвила толку добро печено пилешко како ова; Џејн мрази кога ќе ѝ ја наполнам колата со гориво; Џејн никогаш не би се сетила да ми го наполни таблетот.

Никогаш не ја бранев Џејн кога зборуваше вака за неа, најмногу затоа што уживав во пофалбите што ги добивав – нешто на што не бев навикната. Не сфатив дека сме ја преминале границата сè додека една ноќ Мајк не почна да се отвора за нивниот недостаток на интимност.

Се почна сосема невино. Спомнав дека Пит се враќа дома, а Мајк се нашали: „Сигурно веднаш ќе те однесе горе во спалната!“, со ироничен смејачки тон. Очигледно мислеше дека тоа е малку веројатно.

Морав да се насмевнам, затоа што, и покрај сè, Пит и јас секогаш имавме добар сексуален живот. Мајковото лице се стегна кога го виде моето нескриено руменило.

„Среќна си ти, да имав и јас таква шанса со Џејн…“ рече тој.

И тогаш сè се истури од него; Џејн имала тешко породување со нивното трето дете пред пет години и целосно ја изгубила желбата за секс. Воделе љубов само еднаш месечно, „ако и толку“.

Кога нежно го прашав Мајк дали разговарал со неа за тоа, ми рече дека дури ѝ предложил да посетат брачен советник, но Џејн одбила. Според него, таа била многу повеќе посветена на децата отколку на него.

Сакав да ја протресам Џејн; да, тешко е да се одгледуваат три деца, но таа паднала во истата замка за која некогаш ја предупредив.

Секогаш постоеше можноста Мајк да ги извртил работите. Но, без разлика, јас немав начин да се вмешам – не сакав да зборам лошо за Џејн, а воопшто не доаѓаше предвид да ѝ кажам што ми рекол. Но, ми беше жал за него.

И, признавам, бев лута на Џејн. Знаев како е да се поминат сите тие години како млада мајка без партнер. Колку само ќе ми значеше вниманието на згоден сопруг како Мајк.

Една недела подоцна, откако една вечер подготвивме вечера заедно, нашата вообичаена една чаша вино се претвори во две.

Седејќи наспроти мене на кујнската маса, Мајк ја допре мојата рака и рече: „Ти си навистина посебна жена, Лора.“

Ме чинеше огромна волја да се повлечам, но го направив тоа, велејќи дека треба да одам на спиење.

Следното утро се извини, а истата вечер се врати дома кај Џејн и децата. Цел викенд поминав прашувајќи се дали треба да ставам крај на нашата ситуација. Остануваа уште два месеци – а ние бевме опасно блиску до преминување на линијата.

Но, и покрај сè, едвај чекав повторно да го видам.

Се врати со шише Малбек, и како и секогаш, заедно подготвивме вечера. Додека слушавме Нил Јанг, почна мојата омилена песна Harvest Moon. Мајк ме покани на танц.

Зошто, зошто само не кажав „не“?

 

Couple relaxing in living room smiling

Во неговите прегратки, тој почна нежно да ми го милува вратот. Се почувствував жива, изгубена во моментот без никаква мисла за последиците. Не знам кој кого прв бакна, но едно доведе до друго. Беше неверојатно; се чувствував посакувана како никогаш порано.

Потоа, ме обзеде ужас. Го избркав Мајк од мојата соба и му реков дека никогаш повеќе не смее да се случи. Бев толку исполнета со вина, што не заспав цела ноќ.

Следното утро останав во мојата соба додека не замина на работа, а навечер повторно се повлеков таму пред да се врати дома. Чукна на вратата, но се преправив дека спијам.

Но, не можев засекогаш да се кријам. Следната вечер, го чекав во кујната кога се врати.

Наречи го хемија, желба, или целосна и потполна глупост. Но, кога го видов, не засрамен, не каејќи се, туку полн со надеж – привлечноста беше премногу силна.

И така започна циклусот во тие последни два месеци, прекрасен и мачен во исто време. Во тие четири ноќи што ги поминувавме заедно, спиевме секоја вечер, сè додека не се враќаше во Шпанија во петок.

Викендите ги минував во солзи, недостасувајќи ми, но истовремено исполнета со вина и презир кон самата себе. Што правев? Како можев да спијам со сопругот на мојата ќерка? Како можев толку безмилосно да ја предавам?

Продолжив со вообичаените телефонски разговори со Џејн, но таа никогаш не ме праша како е Мајк. Единствено се радуваше на неговото конечно враќање, само за да ѝ помогне околу „теретот“ со децата.

Кога го слушнав ова, како потврда на тоа што Мајк ми го кажуваше, почувствував малку помала вина.

Дали требаше да ѝ кажам? Вистината е дека јас го посакував Мајк за себе.

А што со Пит? Искрено, не чувствував никаква вина за тоа. Никогаш немав докази, но секогаш сум се сомневала дека ме изневерува кога е далеку.

Се прашував дали Мајк ја изневерил Џејн и пред мене, но никогаш не го прашав. Не сакав да знам.

Нашата афера заврши кога се врати целосно во Шпанија. Откако беше дома, ретко ми се јавуваше – само неколку формални пораки на социјалните мрежи.

Неговото целосно игнорирање ме тераше да полудам. Но, свесна бев дека и двајцата не можевме да ризикуваме никакви докази за тоа што се случи.

И, длабоко во себе, сфатив – веројатно само ме користеше во тие два месеци.

Шест месеци подоцна се преселив на Далечниот Исток за да му се придружам на Пит, кој нема поим за ништо.

Тој ги припишува моите промени во расположението на тоа што ми недостигаат ќерка ми и внуците. Но, всушност, тие повеќе се должат на тоа што длабоко во себе го чувствувам недостатокот на Мајк во мојот живот.

Додека би била скршена ако ќерка ми некогаш дознае – знам дека би ја изгубила неа, како и внуците – не жалам за чувството на животна енергија што ми го даде аферата со Мајк.

Дали би го направила повторно? Вистината е дека едноставно не знам.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *