„Имав афера за една ноќ со женет актер кој беше ѕвезда во сапунските серии, а она што се случи потоа ќе го спречи секој да изневерува“
Сите сме си играле со оган. Всушност секогаш е прилично возбудливо, се додека не е. Тогаш станува лошо. Многу, многу, лошо.
Дозволете ми да споделам со вас една приказна која многу се двоумев да ја откријам претходно, но се надевам дека мојата лоша одлука ќе ве спречи да ја донесете вашата.

Во моите рани дваесетти, направив можеби една од најсебичните, најневнимателните и највозбудливите работи во мојот живот.
Имав една од моите први работни места во медиумите и сѐ уште беше свежо и возбудливо. Се дружев со луѓе што ги имав видено само на телевизија. Безбедно е да се каже дека бев обеземена од сиот сјај и гламур на сето тоа.
Одев на прилично значајни настани и една вечер имав испиено неколку шампањи со моите колеги од работа, кога наеднаш една ѕвезда на сапунските серии, на кој се топев во моите тинејџерски денови доаѓа. Почнува да ми прави муабет и не можам да се наситам од тоа.
Сега, се разбира, знаев дека е оженет, но како што реков, имав рани дваесетти години и бев толку наивна за последиците од моите следни постапки.
Завршивме со забавата горе во неговата хотелска соба и тоа беше ноќ што само ја замислував во моите супер напалени тинејџерски години.

Им кажав на неколку блиски девојки за мојата ноќ на разврат и потоа продолжив со мојот живот. Како што реков, млада, наивна и апсолутно немав поим за кармата што ми доаѓа.
Поминуваат неколку месеци и јас сум дотерана и излезена на прв состанок со еден многу убав дечко. Одиме и двајцата до барот да си нарачаме пијачки и ја гледам оваа жена која зјапа во мене, но не обрнувам внимание затоа што сум на состанок.
Ги нарачуваме пијалоците и се упатуваме да седнеме. Додека се пробиваме чувствувам дека некој ме фаќа за рака малку премногу цврсто. Се вртам, тоа е госпоѓата што ме зјапаше. Таа вели „Здраво Јана, дали ме препознаваш?“ Јас искрено не. Ѝ велам: „Многу ми е жал, но дали се имаме сретнато некаде?“

Следните зборови од нејзината уста буквално ме спречија.
Таа вели: „Не, не сме се сретнале порано, но вие го запознавте мојот сопруг“ и покажува кон аголот на барот каде што стои тој од вечерта на доделувањето и изгледа бел како дух.
Во момент на паника и додека дечкото со кој сум на состанок изгледа навистина збунет, ѝ велам „Не извини, никогаш не сум го сретнала“ и се обидувам да си заминам. Таа ми вика нешто, но јас сум премногу зафатена со тоа да си отидам.
Ме следи дечкото со кој сум излезена, и објаснувам дека треба да заминеме СЕГА! Му велам дека ќе објаснам штом ќе излеземе од вратата и за среќа тој не поставува никакви прашања и само ме следи.
Додека одам до влезната врата која се чувствува како милион километри оддалечена (но реално е околу 20 метри) можам да ја видам како се движи со сопругот во рака до истата врата. О Боже.

Се среќаваме веднаш на вратата, а таа стои напред и ми го блокира патот. Се вртам кон дечкото со кој сум и го замолувам да го викне обезбедувањето затоа што искрено мислев дека ќе ме удри со тупаница. Што, да бидам фер, веројатно го заслужив.
Почнува да ми вреска „ЗНАМ ДЕКА СЕ Е*ЕШЕ СО МОЈОТ СОПРУГ“ сите гледаат. Таа се врти кон сопругот и му вели „КАЖИ Ѝ!“ Тој е во шок како и јас и со многу слаб глас вели: „Ти си најлошата одлука што сум ја донел“.
Сега веќе пристигна обезбедувањето и се обидува да застане меѓу нас, додека јас лудо се обидувам да излезам од влезната врата. Конечно ја повлекоа и излеговме.
Дечкото со кој бев на состанок најде такси и ме внесе во него.
Моите постапки никогаш не ме прогонуваат на таков јавно понижувачки начин. Затоа што гледате, едно е да изневерувате, но друго е да го видите сами исходот од тоа непромислено однесување.
До денес немам поим како таа дознала, или дали се уште се заедно или не, но тој спомен ќе ме прогонува засекогаш.
Така за секој што се чувствува малку невнимателен и можеби по евтина возбуда. Може ли да предложам нешто што е многу помалку штетно од аферата, без разлика дали тоа е само една ноќ или повеќе. Навистина може да се врати да те гризне за задникот. И никаков секс не може да ја надомести ужасната карма што без сомнение ќе ви се појави.
О, и безбедно да кажам дека не отидовме на втор состанок со дечкото, но сигурна сум дека тој ја прераскажал случкава милион пати.

Коментирај анонимно