Инфлуенсерката Ева Јовановска во потрага по совршен подарок за мајка ѝ: Еве што одбра од dm за 8 Март!

Кога станува збор за 8 Март, едно прашање секогаш се врти во глава: што да ѝ подариме на мајка ни? Или пак на најблиската другарка? Да биде убаво, да биде корисно, да има малку „beauty vibe“, ама и да покаже дека сме избрале со мерак. Токму во таква мисија се најде и инфлуенсерката Ева Јовановска, која овој пат се упати во dm за да одбере подарок за својата мајка.

И да, нејзиниот избор е баш од оние што веднаш ни даваат идеја дека за добра осмомартовска комбинација не треба многу филозофија, само малку внимание, добар вкус и прошетка низ dm.

Ева одбра неколку производи со кои сака да ѝ приреди на својата мајка мало разгалување, но и подарок што навистина ќе може да го користи и да му се радува. А најслаткиот дел? Целата комбинација ѝ беше и бесплатно спакувана во dm продавницата, па подарокот е подготвен за носење без дополнителен стрес и без она познато „чекај уште само да купам кесичка и лента“.

Меѓу првите работи што Ева ги избра за мајка ѝ е подарок сетот NIVEA Skin Love во несесер. Искрено, ова е еден од оние подароци со кои тешко може да се згреши. Во сетот има гел за туширање, млеко за тело, рол-он и универзална крема, што значи практично цел мини пакет за секојдневна нега. Гелот за туширање нежно ја чисти и хидрира кожата, млекото за тело ја остава мека и мазна, рол-он антиперспирантот нуди заштита до 72 часа, а класичната NIVEA крема е онаа сигурна убавина што секогаш добро доаѓа. Плус, доаѓа во несесер, што автоматски го прави уште поубав за подарок за мајка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Jovanovska (@_evce_)

Бидејќи Ева очигледно мислела и на грижата за лицето, во нејзината осмомартовска листа за мајка ѝ се најде и Balea серумот за лице со ниацинамид. Ова е производ што многу лесно може да стане нов омилен дел од рутината. Со 10% ниацинамид и 1% цинк, серумот помага за намалување на видливоста на порите, изедначување на тенот и регулирање на себумот, а благодарение на пантенолот, алантоинот и алое верата ја остава кожата и хидрирана и освежена. Значи, не е само „нешто за лице“, туку производ што навистина звучи како добро осмислен подарок за мајка што сака нега и свеж изглед.

Во изборот на Ева за мајка ѝ се најде и MAX FACTOR Colour Elixir карминот за усни затоа што, да бидеме реални, добар кармин секогаш е добра идеја. А кога плус е и нежен кон усните, тогаш уште подобро. Со формула збогатена со шиа и авокадо путер, витамин Е, екстракт од чај и свилени протеини, овој кармин дава интензивна боја со само еден потег, а усните ги остава хидрирани до 24 часа. Тоа е оној мал, но важен детаљ што секој подарок за мајка го прави малку поелегантен, малку пошармантен и дефинитивно поубав.

Ева секако избра и нешто црвено. Ева го избра и trend !t up easy & Speedy лакот за нокти во црвена боја, затоа што црвени нокти и 8 Март некако одат заедно. Лакот е долготраен, постојан до 6 дена, лесен за нанесување и помага ноктите да изгледаат негувано и уредно. Мал детаљ, ама баш оној што додава посебен момент во целиот подарок за мајка ѝ.

Ова, секако, се само дел од производите што Ева ги избра за својата мајка. Во dm за 8 Март има уште многу идеи за подарување – од шминки и парфеми, до подарок сетови, по секогаш поволни цени. Значи, без разлика дали мајка ти сака класични производи за нега, сака убав кармин, мирис или готов сет што изгледа како да си мислела на секој детаљ, шансите да најдеш нешто по нејзин вкус се огромни.

Па, ако и ти сè уште си во фаза „не ми текнува што да ѝ купам на мајка ми“, можеби решението е многу поедноставно отколку што мислиш. Што планираш ти да ѝ подариш на мајка ти за 8 Март? Ако сè уште немаш идеја, во dm сигурно ќе најдеш нешто убаво по нејзин вкус!

 

 

 

  • SuperM напиша:

    Jas kje ri podaram karmin za puteto tvoje.hahaha

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на SuperM Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *