Интензивната дневна рутина на милијардерката Луси Гуо: будење во 5:30 часот наутро, два тренинзи во теретана и без паузи за ручек

Иако има само 30 години, Луси Гуо достигна нешто што многу луѓе само го сонуваат – стана милијардерка со имот од 1,3 милијарди долари, но верува во силна работна етика, неуморна дисциплина и интензивна рутина наместо раскош и комфор.

 

Интензивната дневна рутина на милијардерката Луси Гуо: будење во 5:30 часот наутро, два тренинзи во теретана и без паузи за ручек

Од основач на Scale AI до технолошки инвеститор

Луси Гуо ја основа Scale AI во 2016 година, заедно со Александар Ванг. Таа беше одговорна за операциите и дизајнот на производот, но замина по две години поради несогласувања за приоритетите. И покрај тоа, не ја продаде својата речиси 5% сопственост. Кога Meta вложи во Scale AI, нејзиниот удел вредеше 1,25 милијарди долари.

По Scale AI, Гуо го основа капитал фондот Backend Capital, а последниот проект ѝ е Passes, платформа за монетизација на содржина, која собрала преку 65 милиони долари инвестиции.

 

Од основач на Scale AI до технолошки инвеститор

Ригорозен распоред без пауза

Типичниот ден на Гуо почнува во 5:30 часот наутро со двоен тренинг во Barry’s Bootcamp. Нема пауза за ручек – таа често јаде за време на состаноци. За неа, заштедата на време значи успешен баланс помеѓу работа и живот. „Мислам дека повеќето можеа да најдат баланс ако го елиминираат губењето време на TikTok или бесмисленото гледање телевизија“, вели таа.

 

Ригорозен распоред без пауза

Живот според културата „996“

Гуо следи работна филозофија типична за Силиконската Долина, инспирирана од кинескиот модел „996“ (работа од 9 до 21 часот, 6 дена неделно). „Сѐ уште работам долги денови. Ако некој мисли дека ова не е баланс, не знам што би рекла – имате време за себе од 21 до 2 часот, па 7 часа сон, што е повеќе од доволно“, оценува таа.

 

Живот според културата „996“

Контроверзии ја следат платформата Passes, но Гуо останува непоколеблива

Во февруари, последниот проект на Гуо, Passes, стана предмет на колективна тужба поради наводна дистрибуција на материјал со злоупотреба на деца преку платформата. Гуо ги негира сите обвинувања: „Сметам дека е целосна измама, никогаш не сум сретнала ниту разговарала со таа личност“.

Правниот тим на Passes ги отфрла обвинувањата како неосновани и уценувачки. Тужбата беше поднесена откако тие го одбиле барањето за исплата од 15 милиони долари.

Гуо останува пример за упорност и постојан напор, и покрај бурните предизвици во Силиконската долина.

  • Васе напиша:

    Имав и јас еден колега кој доаѓаше 1 час поарно на работа, а си одеше 1 час подоцна!!!
    10 години верував дека тоа го прави затоа што ја обожавава работата итн…
    Но, ми призна дека тоа го прави „да кидне од дома“, да не се расправа с’с жена му!
    Наравоучение: На г-дино 10 часа на работа му било одмор, а 14 часа дома замор!!!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *