Интернетот полуде: Сопругата на министерот за одбрана на САД носела фустан од ТЕМУ на гламурозната вечера во Белата куќа
Сопругата на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, Џенифер Роше, ги изненади сите со изборот на фустан за традиционалната вечера со дописници во Белата куќа, настан кој доби вознемирувачки пресврт поради вооружен напад.
Додека политичката и медиумската елита позираше на црвениот тепих, Џенифер стана вирална поради нејзиниот фустан, а подоцна вечерта, драмата ја засени целата свеченост поради пукање пред хотелот каде што се одржуваше настанот.


Сопругата на Хегсет се појави во фустан од Тему што чини само 13 евра и го шокираше интернетот
Џенифер, 41, се појави во тесен розев фустан со свилен детаљ на рамото и појас од иста ткаенина со светкав украс. Изненади што не носеше гардероба од познати дизајнери, туку модел што се продава на интернет платформата Шеин за околу 39 евра и бил достапен и на Тему за само 13 евра, како и на Амазон.
Фустанот го комбинираше со чанта прекриена со цветни латици и сребрени плетени сандали од брендот Стив Маден. Додатоците беа дијамантски обетки и ѓердан, а косата ја имаше соберено во елегантна фризура.


Социјалните мрежи одушевени: „Ова е вистински потег за обичните луѓе“
Откако се дозна цената на нејзиниот фустан, интернетот експлодираше: „Вистински потег за обичните луѓе!“, напиша коментатор на Фокс њуз, Џои Џонс. Други додаваат: „Ја почитувам затоа што штеди пари. Ако дојдеше во скап фустан, пак ќе ѝ замеруваа“. Некој забележа: „Колку е кул тоа што секој може да изгледа како неа, без разлика на парите“. Џенифер не потврдила дали фустанот навистина е од Тему или Шеин, ниту каде го купила.

Na ubava žena sè ubavo i stoi , može i o buvljak da e ……!!!!!
Коментирај анонимно