Иран и САД договорија двонеделно примирје – Ормускиот теснец се отвора, дали конечно ќе падне цената на нафтата?

Непосредно пред истекот на ултиматумот на Доналд Трамп, САД и Иран се договорија за двонеделно примирје. Според Техеран, Ормускиот Теснец ќе биде отворен за бродски сообраќај, но со одредени ограничувања.

Американскиот претседател изјави дека е подготвен да ги прекине бомбардирањата и нападите врз Иран на период од две недели, доколку Иран го отвори теснецот. Станува збор за обострано примирје, објави Трамп на својата платформа Truth Social.

Тој додаде дека премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, го замолил да се воздржи од најавените напади врз иранските електроцентрали и друга инфраструктура. Трамп претходно се закани со напади врз енергетскиот сектор и мостовите во Иран, доколку Техеран не се согласи на договор или не го отвори Ормускиот Теснец – клучна точка за глобалниот пазар на нафта и гас.

Според Пакистан, примирјето стапува во сила веднаш и, според нивните наводи, се однесува и на Либан и други делови од регионот. Сепак, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека примирјето не важи за Либан, иако Израел ја поддржува одлуката на Трамп за пауза на нападите. Како услов, Иран треба веднаш да ги запре сите напади врз САД, Израел и други земји во регионот.

 

Иран и Америка договорија двонеделно примирје - Се отвора Ормунскиот теснец

Потврда од Техеран

Иранскиот Национален совет за безбедност потврди дека се согласува со примирјето. Воедно, министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, најави отворање на Ормускиот Теснец.

Тој посочи дека, во координација со вооружените сили и имајќи ги предвид техничките ограничувања, ќе се овозможи бродски сообраќај. Сепак, иранските државни медиуми нагласуваат дека почетокот на разговорите за подолгорочен договор не значи и крај на војната.

Трамп претходно ѝ постави рок на иранската власт до 2:00 часот по полноќ, но како и во неколку наврати претходно, рокот беше одложен. Во најновата изјава, тој не прецизира конкретен краен рок, туку истакна дека „период од две недели ќе овозможи договорот да биде финализиран“.

 

Потврда од Техеран

Преговори во петок

Премиерот Шариф ги покани делегациите на САД и Иран на нова рунда разговори во петок (10 април) во Исламабад, каде што ќе се преговара за конечно решение на конфликтот.

Тој изјави дека двете страни покажале „извонредна мудрост и разбирање“ и конструктивен пристап кон мирот и стабилноста. Пакистан, како сосед на Иран, има улога на посредник меѓу Вашингтон и Техеран.

 

Преговори во петок

План од 10 точки

Во врска со претстојните разговори, Трамп изјави дека САД добиле предлог од десет точки од Иран, кој може да послужи како солидна основа за преговори. Според него, голем дел од спорните прашања веќе биле разгледани, но останува нејасно колку двете страни се блиску до конечен договор.

Иранскиот предлог, според медиумите, вклучува и чувствителни барања, како дозвола за облагородување на ураниум, укинување на американските санкции и исплата на репарации за воените штети.

Во конфликтот, кој трае веќе шест недели, загинале илјадници луѓе, меѓу кои и повеќе од 1.600 цивили во Иран, според различни извори. Во меѓувреме, во САД, каде што започнуваат подготовките за среднорочните избори, рејтингот на Трамп опаѓа. Според анкетите, мнозинството Американци се против војната и се загрижени поради растот на цените на горивата.

 

  • ….. напиша:

    Ne e bash taka. USA i postavi 15 tochki i IRAN odgovori so 10 tochki. Ne e ednostran predlog (samo 10 tochki). Ako gi gledate samo iranskite baranja, site tochki se vo korist na Iran. A ako gi gledate 15-te tochki od USA, site tochki se vo korist na USA. Sega mozhe da se razgovara za mir zoshto dvete strani se izjasnija koi im se maksimalistichkite baranja.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на ….. Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *