Исповед на средношколец со одличен успех ја разбранува јавноста и ја отвори дебатата за образованието во Македонија
Лена Скопски сподели емотивна објава за 16-годишен ученик: Повторно се отвори дебатата за образованието во Македонија
„Ова е сведителство за успех на шеснаесет годишно момче кое цела година учи и редовно оди на настава,примерен ученик . Неговата мајка еднаш ,до два пати е појавена во училиште и никому не должи услуга во истото.
Истото тоа момче кое учи цела година и се бори за да биде меѓу најдобрите, денес е тажен и разочаран. На свои 16 годд , со завршена втора година средно училиште, болно раскажува за искуството во образовната година….
– ” Веќе не учам. Нема шанси. Што сака нека биде. Ќе одам во училиште кога сакам. Доста веќе со демагогии. Ми се згади денес од она што го видов. Завршувам средно и си одам од тука. Тука нема правда и точка !”
Го фрли сведителството брутално на земја и го згазна со двете нозе,извикувајќи :
– ” Глуп јас учи….Учи,читај книги, едуцирај се , зборам со професори на илјада теми, интересно им е за колку области умеам да развијам дискусија. За што ? За некоја си Лина таму да помине исто ко мене одлична,пази одлична,( го потенцира тоа удирајќи по сведителството, а пола година не доаѓа на настава). За некој си тамо Марко кој од десет ќеца ,помина добар ….Цела година му викаа на полагање ќе заврши, труп жив, не знае таблица множење, не па нешто повеќе и ….??? .Не, не, вакви неправди не трпам и крај. “
Се врти низ соба и додава :
– ” А мене не ми поправиле ни една четворка. Ни една. Барем една, ете биологија пример.Барем еднаш да ми попуштеа.Сигурно немаше светот да пропадне,ако ми поправеа. И после биле професорите правични ? Не бе бато, не, од правични ни П . Ќе земам на свој начин ќе се едуцирам тоа што ме влече и барем нема да ми биде криво на крај. “
– “Чекај малку” , му велам. Неможе така. Си остварил одличен успех,ако ништо друго барем знаеш дека е твој. И треба да си среќен што тоа е твоја заслуга. Успех е !
– ” Те молам, затворена е темава. Диплома се купува мајка,нели ? Ама знаење не се купува. И утре некој таков Марко како оној ќе ми биде негде претпоставен и ќе треба пак да ќутам, зошто тој нема врска од ништо, ама ќе лапа пари на наш грб. Не мајка, не дозволувам да ме прават будала. Парталите и ќе си одам од тука со време. Или ќе отворам нешто мое .Па здравје….”
Се затвори во соба…..
Министерката Весна Јаневска да престане небулози да раскажува за образованието, бидејќи сите добро знаеме како стојат работите таму. И нека престане да глуми мајка Тереза,зошто до прва не чека пропаст. Со неуки петкаши кои прават петкаши исти како нив.
Со купени свидетелства( оцени) до купени дипломи. Впрочем и едното , не оди без другото. Само неуки можат да создадат ваков коруптивен ланец,од градинка до работно место.
Госпоѓа Јаневска дури и врсничкото насилство што ни се случува по училиштата, е оцена за поведение на несоодветен образуван кадар. ОБРАЗУВАН,значи кадар кој знае да примени воспитни мерки , педагошки, кои ќе изградат од децата силни и способни умови, не само ученици. Ама со кадар собран од партија, со магистратура преку партија, толку е. Општеството се гради преку младина,нели ?
Се надевам еден ден ќе сфатите колку сте бедна,кога на врата ќе ви затропа совеста,која забава,ама не заборава !!!
Убав ден на сите трудољубливи луѓе!“

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно