Ист Гејт евакуиран поради пожар во еден од рестораните (видео)

Утрово во 09:35 минути противпожарната бригада во Скопје примила дојава за пожар во ТЦ „Ист Гејт“, во Скопје.

 

Звонко Томевски, командир на противпожарната бригада на Град Скопје, информираше дека пожарот избувнал во делот кај рестораните на најгорниот кат во трговскиот центар.Конкретно бил запален еден од вентилационите канали во ресторанот.

Мотика дознава дека станува збор за „Дестан“.

Екипите на противпожарната единица брзо реагирале, а во моментов се работи на расчистување на последиците од пожарот, информира Томевски.

Според надлежните, повредени лица нема, а причинета е материјална штета која дополнително ќе се утврдува.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *