ИСТИОТ ПОЗНАТ ВКУС, СО ОСВЕЖЕН ИЗГЛЕД: СКОПСКО го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско мурал
Со одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО.
Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа.

Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување.
За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер.





Коментирај анонимно