Истражувач предупредува: „древно зло“ демне на Антарктикот

Истражувачот на паранормалности Били Карсон изрази загриженост за опасностите од научните истражувања на физичарите на Антарктикот. Според Карсон, древна зла сила демне под мразот на овој студен континент.

Познатиот истражувач на НЛО и паранормалности, Били Карсон, предупредува за понатамошно истражување на Антарктикот, тврдејќи дека тоа може да разбуди „древно зло“. Тој се осврнува на изјавите на американскиот астронаут Баз Олдрин, кој, според Карсон, открил закана на континентот скриен во планините Елсворт.

 

Карсон тврди дека фотографиите на НАСА покажуваат мистериозна „пирамида“ што ја поддржува неговата теорија за античко зло скриено во регионот. И покрај скептицизмот на многу научници, Карсон инсистира дека тоа е „самото зло“, нагласувајќи ја тежината на ситуацијата.

Повеќето научници веруваат дека пирамидата во планините Елсворт е природна и создадена од природни процеси. Сепак, Карсон тврди дека била создадена или од луѓе или од друга интелигентна форма на живот кога Антарктикот бил тропски регион.

„Една од пирамидите е два километри на два километри на два километри“, вели Карсон. Ова, рече тој, е само еден пример на структура што му претходи на она што многумина го сметаат за почеток на човечката цивилизација.

 

Карсон, исто така, тврди дека научните експерименти на Антарктикот „повторно откриваат“ древно научно знаење што се користело во минатото за комуникација со вонземјани.

„Навистина верувам во животот во други светови, па дури и во други димензии“, додава тој.

И покрај сомнежите и контроверзите, Карсон повикува на претпазливост и предупредува за понатамошни научни истражувања во овој мистериозен регион.

 

  • Ljube напиша:

    Ova e klasicna “Baba Roga” prikazna, Tipicna za Motika

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *