„Изгледа како некој да се степал и излегол, најдовме и пиштол“ Што се случувало внатре во напуштената палата на позната НБА ѕвезда, вредна 10 милиони долари?

Вила вредна 10 милиони долари, која порано му припаѓала на професионален кошаркар од САД, е оставена напуштена – заедно со куп скапа облека, два автомобили, па дури и пиштол. Неверојатната приказна е документирана од каналот на „Јутјуб“, „Urbax Vibes“, кој ја посетил палатата вредна 10 милиони долари и ги истражил нејзините многубројни соби.

Смелите истражувачи Зек и Меј сугерираат дека постои мала шанса некој да се врати во вилата. Но, убавата куќа е навистина напуштена. Некои соби биле во недопрена состојба, но други изгледале како да биле место на тепачка – или барем од интерес за некои диви животни. Зек и Меј го чуваа во тајност идентитетот на НБА ѕвездата, а никој немаше поим зошто ја напуштил куќата.

 

 

Кога го откриле неговото име на некои чевли направени по нарачка за него, дуото ја заматило снимката за да не може да се прочита. Распространетиот имот се простира на 18.000 квадратни метри, а домот со мермерен под има 10 спални соби и 10 бањи. Некои од плакарите биле исполнети со дизајнерска облека, и машка и женска, а на многу од нив и понатаму имало етикети. Имало новогодишни елки во неколку соби, што сугерирало дека станарите заминале непосредно пред или веднаш по големиот ден. Некои од оставените предмети изгледа како да се ограбени, но другите соби биле уредно оставени како што си се. Но, најшокантното откритие дошло кога Зек пронашол воздушен пиштол што лежел долу. Во гаражата со четири автомобили останале два автомобили. „Фолксвагенот“ бил паркиран со спуштен прозорец, а до него бил „Мерцедес“ со фенси сина внатрешност.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *