ЧУДНО: „Излегов на прв состанок и момчето нарача чаша млеко! Дали е тоа доволна причина за да го откачам?“

Една жена се шокирала кога „атрактивен“ маж на нивниот прв состанок нарачал чаша млеко кога двајцата излегле на вечера.

Корисничката на „Mumsnet“ рекла дека пијалокот кој бил избор на нејзиниот партнер на состанокот, бил „навистина чуден“ и го опишала како тотално „исклучување“, откако признала дека веднаш изгубила интерес за него.

 

 

На интернет форумот таа напиша: „Отидов на прв состанок со момче што го запознав на интернет минатата ноќ и веднаш излеговме на вечера утредента.  Кога стигнав таму дефинитивно мислев дека е привлечен. Меѓутоа, кога станува збор за пијалоци, тој си нарача чаша млеко“.
Жената додаде: „Искрено никогаш не наидов на некој што го прави тоа во ресторан и едноставно мислам дека тоа е навистина чудно и навистина ме оддалечи од него. Се обидов да откријам зошто ова беше толку чудно и не можам да најдам причина што тоа ме натера да се чувствувам малку згрозено и од сама себе“.

Таа праша на „Мамснет“ дали е неразумна и што мислат другите за нејзината ситуација.

Еден човек рече дека тоа зависи од ситуацијата и каков вид на оброк имаат двајцата.

Некои од коментарите гласеа: „Можеби со кари тоа не е толку чудно, подеднакво како што плескавица и милкшејк се прифатливи, така што млекото не е толку чудно ако не му се допаѓа текстурата на густ милкшејк. Но, во „фенси“ ресторан тоа е малку чудно“.

 

Друг напиша: „Малку е чудно. Не е навистина она што би го имале како прв избор со оброк за возрасни!“

Тие додадоа: „Мислам дека е толку необична работа да се нарача, би претпоставил дека има и други чудни навики. Тоа е некако грубо и детско нели“.

Во одбрана на човекот, некој друг додал: „Можеби тој само преферира млеко.

„И јас го правам тоа кога сум дома, тоа не и најлошото нешто што некој може да го направи. Тоа е само млеко, тој не нарачал половина литар крв“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!