Изненадување! Пар пронашле стотици шишиња рум во ѕидовите на нивниот дом, непосредно откако се вселиле, а еве ја причината зошто

Заборавете на пивото – во нивниот ѕид има 99 шишиња рум.
Двојка откопала резерви скриени зад ѕидот на нивниот дом во Њу Џерси и тоа додека се вселувале.

 

 

Кети и Рој Окамп, 51, односно 52, живееле во нивната нова куќа само два дена кога нивниот подрум се поплавил по бура.
При отстранување на натопените делови од ѕидот, каскада празни шишиња со алкохол се срушил од делот од гипс картон што бил отсечен.

 

„Мојот сопруг мораше да го отстрани влажниот гипс картон и сите овие шишиња излегоа едно по едно од ѕидовите“, изјави Кети за „Caters News”.

Тие го споделија чудното откритие на „Инстаграм”, инспирирајќи ги коментаторите да се пошегуваат дека двојката „купила куќа од самиот капетан Морган“.

 

Кети откри дека претходниот сопственик на куќата го видел виралното видео на интернет и дека контактирал со парот.
„Лицето што го направило тоа го виде видеото откако стана вирално и рече дека има уште стотици, но и дека сега е три години трезен“, рече таа.

  • Муфаса напиша:

    Стотици ПРАЗНИ шишиња бе, абдали, какви “резерви”

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *