Извршниот директор на „Levi’s“ со шокантна изјава: „Никогаш не треба да ги перете вашите фармерки!“

Чарлс „Чип“ Берг е шеф на популарниот бренд за фармерки „Левис“ и вели дека дефинитивно не треба да ги ставате фармерките во машина за перење. Берг еднаш зборуваше на оваа тема, велејќи дека има проблем со машините за перење, а не дека не ги пере фармерките.

 

 

 

„Никогаш не реков да не ги перете фармерките“, објасни извршниот директор на „Levi’s“.

„Луѓето кои навистина го сакаат својот тексас , ќе ви кажат никогаш да не ги ставате фармерките во машина за перење. Така правам и јас. Ако ми падне кари на фармерките, ќе го исчистам. Но, ќе го исчистам на самото место. Ќе ги измијам под чешма“.

Берг зборуваше на оваа конкретна тема и претходно.

Всушност, тој првпат ја објави веста пред 10 години кога го направи шокантното откритие дека фармерките што ги носи една деценија никогаш не биле испрани од внатрешната страна.
Но, Берг не е единствениот кој е против идејата да се перат фармерките во машина.

 

 

 

Повторувајќи го советот на Берг, пред неколку години, славната стилистка Рања Батал (@ranyabatal) објави видео на својата платформа, предупредувајќи ги луѓето дека не треба да ги фрлаат своите омилени фармерки во машината за перење.

„Тоа влијае на бојата, тие ќе избледат и никогаш нема да стојат исто“.

 

 

„Ставете ги во ќеса со патент во замрзнувач два дена“, рече таа, додавајќи: „Ќе бидат како нови“.

Но, што ако тие се извалкани? А што е со микробите?

Според Кели Лав, ко-основач и извршен директор на брендот за нетоксично чистење „Branch Basics“, ова не е проблем. Таа смета дека доволно е да ги ставите на сонце.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *