„Ја молев сопругата за да имаме тројка – останав во шок кога видов кого одбра“
Маж кој ја молел сопругата за тројка го споделил своето жалење за ситуацијата, откако сопругата донела несекојдневна одлука.
Тој вели дека барал сопругата „ménage à trois“ некое време, но сепак требало малку работа за да ја убеди.
Кога таа конечно се согласила, тој решил да и дозволи да избере кој ќе биде третото лице. Сепак, тој откри дека останал шокиран кога открил која е таа личност. Сопругот се отвори на својот „X“ профил @Fesshole за ситуацијата.
Пишувајќи на профилот, мажот рече: „По многу мачење, сопругата се согласи на тројка, но инсистираше да ме изненади со изборот на партнер. Претпоставував дека тоа ќе биде една од нејзините девојки од работа, но останав шокиран кога Пит, нашиот градинар, заѕвони на вратата.
Откако беше споделена претходно оваа недела, објавата стана вирална и собра повеќе од 477.000 прегледи.
Многумина не можеа а да не се пошегуваат на сметка на ситуацијата, бидејќи едно лице напиша: „Најлошото нешто беше што Пит само што тропна на вратата за да им каже дека косилката треба да се поправи и беше викнат на тројка… не му се допадна да одбие затоа што му треба работата во оваа економска криза“.
Во меѓувреме, другите беа збунети за ситуацијата, како што еден праша: „Кога маж и жена ќе се договорат за тројка, зарем едно од првите прашања не би било „кој пол ќе биде третата личност?“
Многумина, исто така, рекоа дека мислеле дека сопругата на мажот и онака претходно спиела со градинарот. Кој знае, можеби сепак се грижела за повеќе од тревникот во дворот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно