„Ја откажав венчавката со дечко ми од факултет и се заљубив во 24 години постар човек. Веднаш сакав да ми НАПРАВИ БЕБЕ!“

Една жена ја откажала својата венчавка со нејзиниот саканн од факултет, за да најде љубов со маж 24 години постар од неа, на иста возраст како нејзината мајка и што е најинтересно сега тие чекаат бебе.

 

 

Аманда Канон (30) од Морсвил, Северна Каролина, имала силно „чувство во стомакот“ дека не може да биде со нејзиниот поранешен и ја откажала нивната венчавка – само неколку дена пред да се одржи.

Аманда потоа започнала патување за само-откривање и на крајот се заљубила на прв поглед во Ејс (54), радио диџеј, летото 2017 година.
И покрај тоа што Ајс ветил дека никогаш повеќе нема да се ожени, љубовниците се венчале во јануари 2021 година и двојката сгеа чека машко бебе – кое треба да се роди во јуни 2023 година.

 

   

 

Ејс рекол: „Имав 30 години со моето прво дете и ќе имам 55 кога ќе се роди ова. Јас сум многу помудар и мислам дека тоа ќе игра во моја корист“.
Аманда го запознала Ејс неочекувано кога била тазе сингл, откако ја откажала својата венчавка во април 2017 година.

Таа вели: „Во мојата последна врска не бев јас, постојано се чувствував поразено и исцедено. Ја прекинав венчавката затоа што во стомакот знаев дека морам. Не секоја врска со разлика во возраста е предаторска, па решив и му пријдов. Знаев кој е тој и отидов до барот и се претставив“.

Ејс рекол: „Бев разведен некое време, живеев сам во својот стан. Седев сам и јадев тако од риба, а таа дојде и се претстави. Очигледно веднаш ме привлече нејзината убавина, но знаев дека има голема разлика во годините. Никогаш во моите најлуди соништа не помислив дека некоја толку убава девојка ќе биде заинтересирана за мене“.

 

 

Двојката решиле да уживаат еден со друг цело лето со добра забава, но не можеле да ја поднесат помислата да стават крај и нивната врска станала официјална.

Во февруари 2020 година, Ејс ја запроси Аманда, откако ѝ пуштил песна што ѝ ја напишал самиот тој.

Двојката потоа побегнале на интимна церемонија на плажа во Јамајка со нивното блиско семејство.

„Воопшто не се чувствував како да донесувам погрешна одлука, затоа што мојот желудник ми кажа дека ова е правилно“, заклучува Аманда.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *