„Јадам инстант нудли и позајмувам пари од мојата баба, но моето дете мора да носи „Луи Витон“ по секоја цена. Ако треба да изгладнам, ќе изгладнам!“

Кариса Спарк, од Дорсет во Југозападна Англија, признава дека нејзините приоритети лежат во тоа да ја облече нејзината ќерка Лавинија во „Луи Витон“, наместо да купува намирници за себе.

Самохраната мајка живее од владина финансиска поддршка и истовремено вонредно учи за да биде фризер.
Кариса често се наоѓа себеси како брои пени за да си ги плати сметките и да си купи неопходни работи.

 

 

Мајката секогаш обезбедува работи за нејзината ќерка пред да размисли за себе – било да е тоа нејзината храна, облека или играчки.

„Секогаш внимавам Лавинија прво да ги добие работите што и се потребни. Таа има сè – јас сум таа што поминува без работи“.

 

 

„Навистина не се грижам за тоа што зборуваат луѓето – тоа е изгледот што ми се допаѓа. Кејти Прајс е моето најголемо влијание“.
Самохраната мајка се погрижува нејзината ќерка да ги носи дизајнерските парчиња што е можно почесто за да ги извлече парите од скапата гардероба.

„Се надевам дека кога ќе погледнам назад на фотографиите со неа, таа ќе види колку труд сум вложила и ќе види колку е сакана“, рече Кариса.

Мајката исто така откри дека нејзината желба да го облече своето бебе во брендови произлегува од затегнатите односи со нејзината мајка.

 

 

„Никогаш не бев блиска со мајка ми и знаев дека кога имам бебе ќе бидам блиска со неа“, рече Кариса.

Кариса била воспитана од нејзините баба и дедо откако нејзината мајка, тогаш 17-годишна, не можела да се справи со одговорноста на бебето. Баба ѝ уште ја издржува со Лавинија финансиски.

„Мислам дека ако не и помогнеме, нема да може да јаде ништо“, вели нејзината баба. „Како семејство правиме многу за неа, сите ние. Тоа е она што го правите за вашето семејство, им помагате“.

 

 

„Бебињата растат навистина брзо, така што не ја гледам смислата да се фрлаат пари на екстремно скапи парчиња за вашето бебе“, гласеше еден коментар на објавата на Кариса.

Но, некои беа сочувствителни и ја сфатија идејата на Кариса.

„Се чувствувам лошо за самохраната мајка бидејќи точно знам за што зборува“, напишала една мајка.

 

  • Robert напиша:

    Vrv na site kompleksi. Ke iznosi brzo. Vredi samo vo dobri konduri da se vložuva. A be zlaten pazar

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *