„ЈАС И СКОПСКО“ – „Скопско“ го слави својот 100. роденден со вашите приказни
Со кампањата ЈАС и „СКОПСКО“ почнува одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на најпрепознатливото македонско пивско име. Со неа, „СКОПСКО“ потсетува на својата главна доблест, моќта 100 години да создава незаборавни приказни.

Успехот на „СКОПСКО“ се должи на секој поединец. Секој што се грижи за беспрекорниот квалитет на пивото, секој што ужива во него и што му ја дава својата магија на најпрепознатливиот вкус. Токму затоа „СКОПСКО“ го почнува славењето на својот 100. роденден со кампања што ги слави токму овие луѓе и сите нивни приказни!
Во кампањата учествуваат познати личности, музичари, диџеи, актери, спортисти, водители, вработени во „Пивара Скопје“, другари, баби, дедовци, стари, млади, странци…Луѓе што цел еден век генерациски ја пренесуваат врската со „СКОПСКО“.

Сите тие ги споделуваат своите приказни со „СКОПСКО“ во видеа што почнаа да се емитуваат на телевизиските канали и на социјалните медиуми на „СКОПСКО“.
Заедно да ја прославиме првата стотка и да наздравиме за наредните 100 бидејќи вие бевте, сте и ќе бидете со секое шише „СКОПСКО“!
100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!

Taka e 55 godini da pies po 2 , 3 piva na den , pola fabrika e moja…
Со децении го пиев Скопско, се додека не почна кризата и ги качија цените, малте не ДУПЛО!!!
Ај шо ги качија, но никако да ги спуштат! Барем за 1 ден!!! Во Жито Маркет, открив ново пиво „Johan Beer“!
Се работи за полско пиво, а лименка од 0,5л чини 37 ден!! Почнав да го купувам з’ш е ефтино, но сега веќе ми се допаѓа и си го купувам регулар! Башка, од време на време имаат акција и се продава по 32 ден!
А пластично шише кока кола од 0,45л чини 40 ден!!!
Коментирај анонимно