„Јас имам 26-години и се мислам да раскинам со мојата 76-годишна девојка затоа што објавува провокативни слики“

26-годишниот Џон од Лос Анџелес има проблеми со неговата 76-годишна девојка, Сара, со која е во врска 5 години. Проблеми кои никогаш не би помислил дека ќе ги има. Тој размислува да ја прекине врската затоа што девојка му споделува слики во бикини на социјалните мрежи. Мислам, кој не би сакал да ја види баба Сара во бикини на Инстаграм?

Но, вистинскиот проблем не се сликите туку тоа што тој се чувствува предадено. Тие се договоривме да не објавуваат такви видови на слики.

 

Во раните фази на нивната врска, Џон повремено објавувал слики од неговите уметнички дела на социјалните мрежи. Меѓутоа, Сара се чувствувала непријатно поради тоа и го замолила да престане. Џон како помал ја послушал нели и ги почитувал нејзините чувства па престанал да споделува слики од неговите уметнички дела.

Во замена, Џон и ја соопштил својата желба на Сара да не објавува слики во бикини, барање што таа се согласила да го почитува. И покрај ограниченото користење на социјалните медиуми на Џон, тој никогаш не истражувал други платформи надвор од оние што повремено ги користел (само Твитер, всушност).

Следствено, тој не бил свесен за бикини објавите на Сара на овие платформи.

Но, пред неколку дена Џон налетал на неочекувано откритие. 76-годишната Сара знаела да користи и други платформи? Кој ли ја научил??

Тој видел фотографија на ТИКТОК во која таа е во бикини. Тој мислел дека можеби е стара слика, но сепак се одлучил да истражи.

На многу негово разочарување, кога Џон го барал профилот на Сара, наишол неколку неодамнешни слики во бикини и неколку провокативни објави. Тоа го остави да се чувствува луто и фрустрирано, особено ако се земе предвид нивната согласност да не споделуваат такви слики. Она што го направи уште поболно е фактот што Сара беше толку гласна за почитување на нејзините желби во однос на неговите уметнички дела, но се чинеше дека немаше дилеми да ги игнорира неговите чувства кога станува збор за нејзините објави.

Ах, бабо, бабооо…

Сега нивната врска се соочува со голем знак прашалник и Џон не знае дали да раскине.

Но еј, кои сме ние да судиме? Можеби ќе го решат тоа со шолја чај и некои упатства на TikTok за здрава комуникација. Или можеби Џон ќе рече: „Извини, бабо, но сега јас си заминувам“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *