Јас имам 61, а тој 24 – троловите ги критикуваат нашите планови за бременост, но е прашање на време кога ќе родиме дете!

Сензационалниот пар на ТикТок Шерил МекКејн (61) и Куран (24) кои се постојано критикувани за нивната разлика во возраста од 37 години сега дефинитивно тврдат дека ќе имаат дете.

 

Постојано споделуваат видеа од нивната љубов, коментарите многу често се одвратни, но на нив не им пречи. Очигледно уживаат во тој лош рејтинг и во тие негативни коментари. Сепак долго време велат дека планираат да основаат семејство и многу од коментарите се дека таа е премногу стара за дете (не е далеку од вистината) и дека тој е млад и како не разбира дека си ја губи младоста со неа.

Но Шерил неодамна откри дека тие всушност имаат сурогат. Луѓето брзо ја разгледаа уникатната ситуација на парот, а една напиша: „Навистина, имам 45 години и имам внуци, размислував да имам бебе на 40 години, но според мене тоа не е фер за детето.

Но, некој друг напиша: „Зошто сите во коментарите мора да бидат груби? Тие се среќни и треба да го прават она што ги прави среќни. Возбуден сум за вас момци.”

 

Куран ја запознал Шерил кога имал само 15 години, кога работел во ресторанот за брза храна на нејзиниот син Крис во Рим, Џорџија, САД. Тој дошол во местото каде што работела Шерил како касиерка и почнале да се забавуваат во 2020 година, а Куран ја запросил во јули 2021 година. Тие избегале во Тенеси во септември истата година, со присутни само двајца пријатели.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *