„Јас сум Американка и сум жена соло патник… Ја сакам Европа, но има една земја во која НЕ се чувствував безбедно и бев МЕТА на мажи“

Американската соло-патничка Ев Ковач (19) раскажува за нејзиното прво патување во Европа – и за нејзиното искуство од посетата на Албанија, каде што „не се чувствувала многу безбедно“.

 

 

 

Ев, од Конектикат, тргнала на својата прва соло авантура само неколку месеци откако наполни 18 години. Таа изјави: „Ја напуштив Америка и тргнав три месеци сама со ранец на грбот. Знаев дека таму има нешто за мене“.

Ев собра 154.000 следбеници на „Инстаграм“, под корисничкото име @outdoor.eve, со документирање на нејзините авантури низ седум земји за време на нејзиното патување.
Таа вели дека сакала да си докаже дека „светот не е само огромен, туку и љубезен“.

„Бев во право“, додаде таа. Иако на моменти Албанија направи да се чувствувам како „мета“.

Таа додава: „Додека бев таму имаше луѓе кои ми ја допираа косата во супермаркет, а неколку луѓе ме фотографираа. Мислам дека затоа што сум русокоса и со сини очи, можам да бидам мета“.

 

 

 

Норвешка била контраст, бидејќи таму се чувствувала најбезбедно.

Таа вели: „Норвешка ме шокираше со тоа колку безбедно се чувствував. Вториот ден ги извадив катанците од ранецот. Немаше огромно добредојде како што беше во Италија, туку само севкупно чувство на сигурност и олеснување“.

 

 

Италија ја зеде наградата да биде нејзината омилена европска земја за посета.

„Моето омилено место во Европа е брегот Амалфи во Италија! Таму најдов одлично гостопримство, сурфање и земјоделие. Во Грција, мојот хостел беше полн со бубачки. Кошмар. Спиев во мојата импровизирана лежалка и заминав следното утро. Тоа беше пред да дознаам дека имам пари за хотел“.

 

  

 

Откако ги завршила нејзините европски патувања, таа вели дека секоја земја нешто ја научила. Сега, таа им нуди безбедносни совети на идните соло патници.

Ева објаснува: „Моите безбедносни мерки се да носам катанци за моите торби, секогаш да ги евидентирам моите работи и да бидам свесна и трезна. Никогаш не давајте пари некому што бара, никогаш не земајте нешто од странец. Го следам моето срце и верувам во тоа од се срце. Ако чувството е правилно, тогаш е се во ред. Кога ќе почнете да чувствувате дека нешто е погрешно, знајте дека е погрешно“.

Ив, која посетила 11 земји во Европа и моментално е во Тромсо, во Арктичкиот круг, исто така забележува дека патувањето е „поевтино“ отколку што си мислат луѓето.
Таа вели: „Работам работа неколку месеци и штедам. Живеењето без кирија во моето комбе помага. Сè уште имам сметки, телефон, осигурување, бензин… но јас сум многу добра во буџетот за да си дозволам да бидам во странство неколку месеци. Дефинитивно патувам евтино. Гответе многу, купувајте го тоа што е на распродажба, никогаш не купувајте облека или шминка.  Намалете ги трошоците каде што можете – се работи за приоритети, а моето е патувањето“.