„Јас сум фанатик за тетоважи и имам повеќе од 360 модификации на моето тело. Единствената која ме разбира е таа- МОЈАТА МУЗА и затоа сме совршен пар“

Фанатик за тетоважи ја откри музата зад неговите дела, а таа е исто толку неконвенционална како и тој.

Тобијас Милер (33), чувар на зоолошката градина од Дортмунд, Германија, редовно се појавува на насловните страници со неговиот контроверзен изглед, на кој целото тело му е покриено со преку 300 „екстремни“ тетоважи.

 

 

Покрај неговата разновидност на тетоважи, Тобиас може да се пофали и со поделен јазик, четири субдермални силиконски импланти и вграден магнет и чип.
Сега тој открива дека неговата зависност од тетоважи не го чини ниту денар откако во март 2018 година се заљубил во уметничката Лена-Мари Дан (24).
Лена ги создала повеќето од тетоважите на неговото тело и сега тие ги споделија своите неверојатни комбинирани 360 тетоважи и над 54 пирсинзи со нивната база на обожаватели на интернет.

 

 

Сепак, не сите се заинтересирани за бизарниот изглед на парот.

Тобиас изјави: „Особено на интернет, има редовни коментари со омраза, како на пример дека сум ментално болен поради изгледот“.

И Лена добива секаков вид на коментари, дури и онакви брутални кои ја наведуваат да изврши самоубиство.

Сепак, таа рече: „Ние обично се обидуваме да ги игнорираме и едноставно да ги избришеме сите негативни коментари“.

 

„Има и позитивни коментари, каде што сме опишани како уметничко дело и во јавноста луѓето бараат фотографии со нас. На крајот на денот, сето ова го правиме само за себе, а не за некој друг“.

Тобиас наишол на „Инстаграм“ на Лена уште во 2018 година и решил да ѝ испрати директна порака.

Набргу, парот почувствувал поврзаност и почувствувале дека можат да бидат заедно.

Парот не само што ја споделува љубовта кон тетоважите, туку имаат и слични интереси во музиката и филмот.

 

 

Тобиас вели: „Го сакам нејзиниот лик, начинот на кој таа ме сака и ме прифаќа таков каков што сум, со сите мои необичности и грешки. Мислам дека одлично се надополнуваме“.
Лена додаде: „Сѐ на него ми се допаѓа, како што се неговиот стил и изглед – особено неговата насмевка. Кога ме гледа со тие дупчиња, ми се допаѓа. Го сакам и неговиот задник и стомак. И двајцата го сакаме начинот на кој изгледаат тетоважите и модификациите на нашите тела, бидејќи тие ни даваат можност вистински да се изразиме“.

 

Лена има направено околу 230 тетоважи на Тобиас во изминатите пет години, кои само го зближија парот повеќе и Тобиас чувствува дека тие можат да живеат заедно и целосно да се поддржуваат едни со други, нешто што не го добил од претходните партнери.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *