„Јас сум гламурозна мајка и носам штикли и до Лидл за да ги покажам моите затегнати нозе – не ми е гајле дали луѓето зјапаат во мене јас се гордеам со нив“

Катаржина Шумилевич од Шкотска го трансформирала својот изглед откако се заљубила во теретана пред осум години.

 

Инструкторката по пливање сега е посамоуверена од кога и да е, и дури облекува пар високи потпетици и фустан за да оди во Лидл, за да може да ги покаже своите „тешко заработени“ нозе.

Таа истакна дека луѓето понекогаш зјапаат кога таа оди на пазарење.

36-годишната дама изјави : „Мојот сопруг вели дека кога одиме во продавница, луѓето нѐ гледаат. Кога носам фустан и високи потпетици луѓето зјапаат, но не ми е грижа. Фокусирана сум на себе и на мојата кошничка за купување“.

Објаснувајќи зошто носи такви гламурозни чевли дури и за секојдневните задачи, мајката рече дека ѝ се допаѓа начинот на кој потпетиците ги прават нејзините нозе да изгледаат „одлично“.

Незачудена од мислењата на другите, таа ужива да оди во штикли и на фитнес натпревари.

Двете деца на Катаржина, Мартина и Јан, се исто така нејзини најголеми поддржувачи, кои често ѝ кажуваат колку е одличен нејзиниот изглед.

„Ќерка ми постојано ми кажува дека изгледам подобро од другите мајки на училиште“, објасни таа.

 

Инструкторката по пливање смета дека е особено важно младите девојки да знаат дека можат да ги следат нивните аспирации додека имаат семејство.

Катаржина има добиено неколку медали за фитнес, благодарение на нејзината строга рутина за вежбање според која таа се буди во 4.30 часот за да вежба.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *